Повторно доделени стипендии од компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола | Правдико

Правдико

   

Повторно доделени стипендии од компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола четврта година со ред доделува стипендии на студенти од Техничкиот Факултет во Битола и Економскиот факултет во Прилеп при универзитетот св. Климент Охридски од Битола.

И во време на пандемија кога функционирањето на компаниите па и на секој од нас видно се изменија, тимот на КШМК останува посветен на своите вредности и продолжува со програмата за стипендирање на студенти од техничките и економските науки со цел да ги стимулира и мотивира во нивното понатамошно учење и професионален развој.

Секоја година 5 студенти кои ги исполнуваат критериумите предефинирани од компанијата и универзитетот, добиваат по 60.000 денари, средства кои компанијата ги обезбедува за секој од студентите за да ги награди за нивната заложба во текот на студирањето и определбата за континуирано учење.

„Се надеваме дека на овој начин придонесуваме за професионалниот развој на студентите. Доколку повеќе компании го следат овој пример, ќе помогнеме заеднички за развој на што поголем број на професионалци кои ќе бидат подготвени да ги започнат своите кариери во некоја од компаниите во државата, па и во регионот. Должноста на нас, поискусните, е да им овозможиме на помладите да има од каде (и од кого) да научат и несебично да го споделиме нашето знаење со нив, бидејќи на тој начин придонесуваме кон целокупниот развој на нашата држава.“ – велат од компанијата.

Тимот на студенти стипендирани од компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола се збогати за уште двајца нови стипендисти кои покрај тројцата студенти од претходната година ќе добијат стипендија од компанијата. Веруваме дека стипендиите се доделени во вистинските раце и на младите дами им честитаме и им посакуваме многу среќа и успеси на сите полиња во животот.

KSMK_Stipendii 1
KSMK_Stipendii 2-01
KSMK_Stipendii 3
KSMK_Stipendii 4
KSMK_stipendii 5-01
KSMK_Stipendii 1 KSMK_Stipendii 2-01 KSMK_Stipendii 3 KSMK_Stipendii 4 KSMK_stipendii 5-01

 

Партнери на Правдико