Повторно обид да почне судењето за случајот „Поткуп“ каде обвинет е Заев
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Основниот суд Скопје 1, во вторник, закажано е рочиште за случајот „Поткуп“ во којшто обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Судењето за овој случај се уште не е почнато, иако првото рочиште беше закажано за 25 јануари, на почетокот на годинава.
Досега е одложено веќе три пати, два пати поради службени патувања на Заев и еднаш поради неприсуство на неговите адвокати. Случајот го одолговлече и аболицијата на претседателот, Ѓорге Иванов на чиј список на помилувани се најде и Заев. Процесот во судот беше стопиран, а по повлекувањето на аболицијата повторно беше закажано рочиште.
Сега ќе се направи нов обид да почне судењето на само еден ден од официјалниот почеток на изборната кампања. Судија во овој случај е Дијана Груевска-Илиевска која неодамна беше назначена за заменик на Претседателот на Кривичниот суд. Специјалното јавно обвинителство го побара овој предмет од Јавното обвинителство, но оттаму не го предадоа.
Според Јавното обвинителство, Заев во својство на градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.
Една половина од парите требало да бидат за Заев, тврди обвинителството, а другата за изградба на црква во Струмица. Заев пак тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот.
Извор: Макфакс