Повторно одложено рочиштето на членовите на Левица | Правдико

Правдико

   

Повторно одложено рочиштето на членовите на Левица

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денешното судење на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски обвинети за демолирање на канцеларијата на Иванов повторно е одложено. Следното рочиште е закажано на 10 јуни.

levica-sudenje-860x680

Одбраната се уште не го добила вештачењето поради тоа што не може да ја подготват листата на докази.

Како што тврди адвокатот Сашко Дуковски вештачењето е важен елемент за тие да можат да ја подготват одбраната. Досега вештачење добил само еден од обвинетите и тоа вчера попладне.

Обвинителката Снежана Бундалевска посочи дека одбраната можела да се координира со клиентите и денеска да дојде подготвена на судењето, освен „ако не се работи за тактизација“.

И двете страни се согласија дека мерката за притвор е бесмислена, но сепак обвинетите демонстранти остануваат во куќен притвор.

Членовите на Левица денеска пред Основниот суд одржаа прес-конференција на која побараа да се укине куќниот притвор за нивните двајца членови.

Извор: Мета

Партнери на Правдико