Повторно одложено судењето против Богоевски | Правдико

Правдико

   

Повторно одложено судењето против Богоевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради отсуство на судијата, повторно се одложи судењето на поранешниот разузнавач Слободан Богоевски за клевета. Богоевски го тружат лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Муса Џафери поради негово сведочење пред окружниот суд во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“.

Судењето е презакажано за 24 ноември.

Ахмети и Муса Џафери бараат отштета од Богоевски во висина од 3 милиони денари. Слободан Богоевски пред окружниот суд во Њујорк изјави дека Али Ахмети, Муса Џафери и Владо Бучковски, кој во тоа време беше премиер од тогашните директори во „Маѓар Телеком“, примиле поткуп од 2,5 милиони евра за да обезбедат гаранција дека на македонскиот пазар нема да влезе друг телекомуникациски оператор.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико