Повторно одложено судењето за ,,Диво Насеље" | Правдико

Правдико

   

Повторно одложено судењето за ,,Диво Насеље”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

divo-naselje-sudenje1Во однос на главната расправа за предметот по КОК бр. 127/15 поврзан со настаните од кумановскo Диво Насеље, закажана за денес во 10:00 часот, ја информираме јавноста дека расправата се одлага бидејќи од страна на судската полиција на Врховниот суд на Р.Македонија не беше дозволен влез во судската сала на бранителите на обвинетите, членовите на семејствата, медиумите и  јавноста, со што не беа создадени услови за одржување на расправата.

Судската сала во Врховниот суд на Р.М. со одлука на Влада на Р.М. од пред две недели беше доделена на времено користење на Кривичниот суд за потребите за водење на оваа постапка, со што беа обезбедени сите технички услови за водење на постапката како и услови за присуство на претставниците на медиумите, семејствата на обвинетите и јавноста се со чел доследно почитување на Законот како и транспарентноста и јавниот интерес за работата на Кривичниот суд во Скопје.

По добивање на одлуката на Владата на Р.М., Основниот суд Скопје 1 – Скопје, од Претседателот на Врховниот суд на Р.М. веднаш беа побарани клучевите од судската сала кои на ден 27.05.2016 година, во присуство на комисија од Кривичниот суд, записнички беше извршено примопредавање на судската сала, по ова истиот ден беше изготвен оперативен план за начинот на обезбедување на судскиот комплекс помеѓу Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Апеациониот суд – Скопје и Врховниот суд, начин на движење на вработените и возилата кои пристапуваат до судскиот комплекс, а воедно овој оперативен план опфаќа и начин на физичко обезбедување на самото судење со помош – асистенција, по наредба на судечкиот совет, од страна на МВР на Р.М., а наведеното од аспект на безбедност.

Воедно Основниот суд Скопје 1 ја опреми салата со техника за аудио и видео снимање на судењето, а за истото веднаш се известени  претседателите на Врховниот суд на Р.М. на Апелациониот суд – Скопје и на Основниот суд Скопје 2, со што овој суд  ги обезбеди сите законски претпоставки за да се одржи расправата, а на претседателите на наведените судови и на судската полиција на Врховниот суд на Р.М. им беше препорачано донесениот оперативен план да го почитуваат и да дадат подршка на судската полиција на Кривичниот суд.

Но ништо од наведеното не беше испочитувано од страна на Врховниот суд на Р.М.

Дополнително веднаш по одложување на главната расправа, адвокатите кои се дел од постапката, остварија средба со Претседателот на Кривичниот суд на која им беше образложено дека судот ги презеде сите мерки за водење на денешната главната расправа, сите обвинети беа спроведени во судската сала, беа обезбедени и дополнителни места за присуство на семејствата на обвинетите, но и ние како суд бевме затекнати од известувањето на судската полиција на Врховниот суд на Р.М. дека не е дозволен влез во салата за бранителите на обвинетите, претставниците на медиумите, јавноста и членовите на семејствата стои во соопштението од Кривичниот суд.

Во соопштението од судот известуваат и дека: За ОСС 1 – Скопје за изненадување се реакциите на реномирани правни експерти по повод доделување на салата од страна на Владата на Р.М., со толкување дека Владата директно се вмешала во судското работење, имено согласно член 82 вв со член 83 од Законот за судовите, токму Министерството за правда на Р.М. , како дел од владата, е надлежно за обезбедување на основни услови на судовите за реализација на судското работење што и од нивна страна беше направено, а со преземените мерки на Основниот суд Скопје 1 – Скопје во целост беа иполнети сите предуслови за продолжување на судскиот процес во врска со настаните од кумановско Диво Насеље.

Препорачуваме

Партнери на Правдико