Повторно ограбен возот од Грција | Правдико

Правдико

   

Повторно ограбен возот од Грција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Возот кој сообраќа на релација Грција – Србија, а поминува низ Македонија, повторно бил ограбен, а од него се украдени монитори и компјутери.

voz-a

Имено, како што соопшти полицијата, во четврток околу 5.15 часот на железнички премин Табановце, при преглед во воз кој сообраќал на релација Богородица – Табановце, од страна на царински посредници било забележано дека недостигаат пломби на три контејнера, по што настанот го пријавиле на граничните работници.

При извршениот преглед, од страна на вработени на ГП Табановце било утврдено дека на првиот вагон биле скинати пломбите и одземени биле 11 монитори „ЛЦД 19,5“, „ЦЗ 01“ во вкупна вредност од 538 американски долари, на вториот вагон биле скинати пломби и одземени биле 36 куќишта за компјутери марка„Авентис TWR “, во вкупна вредност од 4.644 американски долари, и на третиот вагон биле скинати пломби, но не било одземено ништо.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. Грабеж на истиот воз се случи и пред две недели, а исто така беа украдени компјутери и монитори.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико