Правдико

   

Повторно подигнати шатори на Мајдан

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Демонстрантите се собраа на главниот плоштад во Киев Мајдан и подигнаа шатори, барајќи претседателот на Украина Петро Порошенко и Владата да достават извештај за спроведувањето на реформите кои неговата влада ги вети пред една година.

CG7dP_jWwAAVU2g

Околу 100 демонстранти вчера подигнаа најмалку пет шатори на местото каде што протестираа минатата година против поранешниот претседател Виктор Јанукович.

Тие бараат Порошенко и неговата влада да се обратат кон граѓаните и да поднесат извештај за процесот на спроведување на реформите кои ги ветија минатата година, изјави еден од организаторите Рустам Ташбаев.

Тој посочи дека активистите не бараат оставка на владата. “Ние ја започнавме оваа кампања, поставивме шатори и ја нарековме Мајдан 3. Бараме овие луѓе да ги извршуваат своите должности”, рече Ташбаев, пренесува Танјуг.

Протестите на Мајдан започнаа во 2013 година како мирна кампања, бидејќи тогашниот претседател Виктор Јанукович одби да го потпише договорот за пристапување во ЕУ.

Потоа следеше државен удар и новата влада вети дека ќе спроведе политички и социјални реформи неопходни за задоволување на економските и демократските норми во Украина со кои би можеле еден ден да се приклучат во ЕУ.

Сепак, се чини дека владата не успеа да спроведе структурни реформи, земјата е зафатена од економската криза и во голема мера зависи од меѓународните кредитори.

Порошенко призна дека не е задоволен од она што е постигнато од пред една година кога стана претседател.

Партнери на Правдико