Повторно поништено одобрението за изградба на шпанските скали во Скопје | Правдико

Правдико

   

Повторно поништено одобрението за изградба на шпанските скали во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Општина Центар, постапувајќи во повторна постапка, го поништи одобрението за градење на шпанските скали на инвеститорот ДТПУ „Амадеус девелопмент“ ДООЕЛ Скопје, кои требаа да се градат на плоштадот Македонија.

„Во донесеното решение е наведено дека инвеститорот не пријавил почнување со градба во согласност со член 67 од Законот за градењето ниту, пак, почнал со градба во рок подолг од две години од правосилноста на одобрението во согласност со член 66 став 1 од Законот за градењето, според кој одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно“, соопштија од Општината.

Првично, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на 9.2.2018 година донесе решение со кое се огласува за ништовно одобрението за градење на објектот, на кое инвеститорот поднесе жалба до второстепениот орган, а подоцна поведе и управен спор пред Управниот суд на Република Северна Македонија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико