Повторно реализиран Крошу ден после подолга пауза за сите вработени | Правдико

Правдико

   

Повторно реализиран Крошу ден после подолга пауза за сите вработени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Добро познатиот Крошу ден, односно забавата која компанијата Кромберг & Шуберт ја организира за сите свои вработени на 8 септември, повторно се случи вчера под мотото „Посветени на Вас 10 години“.

Со оваа забава, компанијата ја прослави 10 годишнината од своето постоење во Битола, Македонија како и отворањето на новата фабрика во зоната „Илинден“ во близина на Скопје. Исто така, не беа изоставени и дел од колегите од фабриката во Крушевац, Србија.

„Поголеми на број, најголеми во срцето“ беше слоганот со кој оваа компанија ја претстави својата големина алудирајќи на константниот раст и развој како и проширувањето кое е во тек со новата фабрика.

Како и секој Крошу ден досега, сите вработени беа поканети и можеа да присуствуваат на забавата на која беше обезбедена скара, пиво и безалкохолни пијалоци во изобилство за комплетно уживање во неповторливата атмосфера.

За забавата се погрижија група „Маестро“ кои и официјално го означија почетокот додека како ѕвезда на самиот настан се појави неповторливиот Исак Шабановиќ кој за кратко време успеа да препрасне во вистинска сензација и беше пречекан со громогласен аплауз.

Новитет кој досега не се има случено на било кој настан беше изработката на скулптурата Обелиск изработена од страна на уметникот Стефан Малбашиќ насловена како „Со љубов до височините“, а платната за сликање беа место каде секој од вработените можеше да ја искажи својата креативност и да остави печат со четка и боја.

Со своите 5300 вработени во фабриката во Битола, 400 моментални вработени во фабриката во Илинден и 2000те вработени во Крушевац Кромберг & Шуберт прераснува во една од најголемите компании не само во нашата држава туку и ги спојува вработените од Македонија и Србија.

Им честитаме на прекрасната организација и на годишнината на овој гигант во секој поглед и им посакуваме уште многу повеќе успеси.

Kroschu den - 5 (1)
Kroschu den - 5 (2)
Kroschu den - 5 (3)
Kroschu den - 5 (5)
Kroschu den - 5 (6)
Kroschu den - 5 (7)
Kroschu den - 5 (8)
Kroschu den - 5 (4)
Kroschu den - 5 (10)
Kroschu den - 5 (9)
Kroschu den - 5 (11)
Kroschu den - 5 (12)
Kroschu den - 5 (13)
Kroschu den - 5 (14)
Kroschu den - 5 (1) Kroschu den - 5 (2) Kroschu den - 5 (3) Kroschu den - 5 (5) Kroschu den - 5 (6) Kroschu den - 5 (7) Kroschu den - 5 (8) Kroschu den - 5 (4) Kroschu den - 5 (10) Kroschu den - 5 (9) Kroschu den - 5 (11) Kroschu den - 5 (12) Kroschu den - 5 (13) Kroschu den - 5 (14)

Препорачуваме

Партнери на Правдико