Позитивни практики во процесот на децентрализација | Правдико

Правдико

   

Позитивни практики во процесот на децентрализација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

categorypage_small_business_network_people_connectedПред сè, потребно е да се истакне интересот на општините за вклучување во процесот кој е раководен од БИМ-ФБ. Имено, општините искажаа висок степен на подготвеност не само за учество во спроведените истражувања и едукации туку и свесно го прифатија предизвикот да издвојат сопствени средства за реализација на прифатените акциски планови. Тоа претставува позитивен чекор, односно преземање активна улога во делот на подобрувањето на социјалната заштита и социјалното вклучување на локално ниво, што во суштина претставува еден вид поддршка и кон претстојниот процес на децентрализација во областа на социјалната заштита. Позитивните практики на полето на децентрализација кои се насочени кон надминување на состојбите констатирани во гореспоменатите истражувања за локалните состојби ќе бидат презентирани на локално ниво и на ниво на невладиниот сектор, со што ќе бидат вклучени и активности кои се преземени во соработка помеѓу овие два сектора.

• Активности кои се спроведуваат од страна на единиците на локалната самоуправа Конкретно, општината Конче која има скромен и мал буџет, секоја го-
дина предвидува мал дел на директни средства за социјална помош. Поточно, минатата година беа планирани 200.000 денари, а беа потрошени 209.000
илјади денари за директна помош. Значи, тие директно со одлука на Советот се трансферирани до граѓаните. Трансферот е направен по барање на разни
основи. Често се работи на барања по основ на сиромаштија, а најчесто тоа се барања за болничко лекување, меѓутоа има и многу други методи со коишто
се помага. Општината има востановено редовна активност која се презема за Нова година, односно се прави преглед на потребите на лицата од цела општина, се доделува одредена сума пари или средства во натура, односно социјални пакети. Општината е директно вклучена во проектот за народна кујна. Тоа
е можеби една тешка обврска, но дистрибуцијата се прави во сите населени места. Поради оддалеченоста на населените места, тоа е единствениот можен
начин да бидат опслужени оние на кои им е најпотребна. Храната се зема од Радовиш, односно од детската градинка каде што се подготвува. Самостојно, еден месец, се организираше и Проект за јавни работи. Целта беше да им се помогнеме на луѓето, но и да се унапреди околината. Овој проект не беше многу скап и чинеше околу 100.000 денари. Оваа година повторно се организира Проект за јавни работи. Исто така, во рамките на можностите се преземаат и голем број активности.Преку проектот на УНИЦЕФ беа покриени трошоците, но со цел да про- должи проектот, донесена е одлука од страна на општина Конче да се издвојат 160.000 денари како трошоци за обезбедување едукатор. Во општина Пехчево континуирано се спроведуваат јавни работи, а функционира и проектот за народни кујни.

• Активности спроведени од страна на граѓанскиот сектор „Порака“ е невладина организација од Неготино на која Министерство то за труд и социјална политика и има делегирано надлежност да го спроведе процесот на деинституционализација. Деинституционализација на лица со пречки во развој се реализира во изминативе три години и згрижува 63 лица. Тие сега живеат во индивидуални домови како секој друг граѓанин. Центарот за поддршка на лицата со ментален хендикеп „Порака“ од Неготино вработи 40 лица, значи 40 семејства живеат од давањето услуги. Организацијата повеќе е признаена надвор од границите отколку од самата општина. Сите информации се на располагање, и тоа на општините, градоначалникот и на советниците, но нешто недостасува, а тоа е едукацијата со која ќе се подобри соработката меѓу невладиниот сектор, локалната самоуправа и бизнис-секторот. „Порака“ од Неготино има добра соработка и поддршка од Министерството, од организации како Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман“ кои ги поддржуваат и ги забрзуваат процесите на деинституционализација и децентрализацијашто даваат иницијатива за префрлање на ингеренциите на невладиниот сектор (Трајковска, претседател на граѓанската организација „Порака“ од Неготино).

• Активности кои се преземени во соработка со едниците на локалната самоуправа и невладиниот сектор Позитивни примери од организациите на „Порака“ од Куманово и „Порака“ од Струга каде на барање на националната канцеларија, условно кажано, е направен притисок врз локалната самоуправа и склучен е договор за вршење работи од јавен интерес од локално значење. Овој договор е направен врз основа на член 24 од Законот за локална самоуправа кој предвидува можност за директно партнерство помеѓу невладините организации и локалната самоуправа. Врз основа на тој член и механизам се успеа во тие две локални самоуправи да се обезбеди комплетно финансирање на дневен центар за лица со попреченост. Тоа во моментов се прави во Скопје, со што градот Скопјепокрива 70% од трошоците за дневниот центар, но тоа се случува и во Охрид каде просторот е на општината и таа комплетно го реновира. „Порака“ со поддршка од Министерството, Институтот „Лудвиг Болцман“, но и со огромна поддршка од општина Радовиш работи на реновирање на голем објект за дневенцентар за лицата со посебни потреби. За оваа намена општина Радовиш, од не така големиот буџет, издвои милион денари. Рецептот за вистинско партнерство и за тоа како може да се успее е само доколку сакаат и имаат отворени срца за давање поддршка која е неопходна. Не заклучуваме, туку даваме на- соки како да се размислува, а капацитетите зависат од нас, од сите оние кои се инволвирани во работата. Децентрализацијата согласно со „префиксот де“, значи губење моќ од централната власт, меѓутоа дали таа моќ се пренесува на вас во финансиска смисла, тоа е друго прашање на кое треба да се одговори и да се дискутира на друго ниво. (Крстевски, Национална канцеларија на РЦПЛИП „Порака“). Како позитивен пример на мултисекторска соработка ќе биде  аведена и соработката која неколку години се остварува помеѓу општина Пехчево, Министерството и Ромскиот едукативен фонд во однос на претшколското образование на децата Роми. Општината со овие два партнера реализира и Проектза изградба на детска градинка во населеното место Црник. Исто така во Пехчево постои и активна соработка помеѓу општината и Организацијата на жени од Пехчево. Оваа соработка, пред сè, е поттикната преку поддршката што Институтот за човекови права ја даде на невладината организација за учествово проект на општината. Според претставникот на невладината организација, поддршка од општината постоела и во минатото, но повеќе на логистички план отколку на финансиски. Иако организацијата подолго време опстојува на подрачје на општина Пехчево, сепак, таа е недоволно активна во искористување на средствата од буџетот. Најчесто, нивните барања се упатувани откако ќе се донесат буџетите на општината. Практично, добиената помош не е предвидена во буџетот, туку е издвоена од некои други ставки од кои можат да се дадат минимални средства.

Извор: Децентрализација на социјалната заштита воРепублика Македонија – фактичка состојба,предизвици и можности на локално ниво

Препорачуваме

Партнери на Правдико