Практична обука на тема: „Електронски јавни набавки – задолжително користење“ | Правдико

Правдико

   

Практична обука на тема: „Електронски јавни набавки – задолжително користење“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Практична обука на тема:

„ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ“
Успешно учество на постапките за доделување на договори кои се водат по електронски пат (пребарување огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди)
и учество на електронски аукции

 (Обука наменета за економски оператори)
9 јуни 2015 година
10:00- 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

На обуката која е наменета за сите економски оператори – приватни компании кои учествуваат или имаат интерес да учествуваат на постапките за јавни набавки, учесниците на интерактивен начин подетално ќе се запознаат со алатките што ги нуди ЕСЈН и самите практично ќе имаат можност да поднесат понуда преку системот и да учествуваат на електронска аукција. Имајќи го предвид воведувањето на задолжителноста на е-набавките (во последната измена на Законот се предвидува задолжително користење на е-набавките почнувајќи од 2016 година – во 30% од постапките, 2017 година – 50% и 2018 година – 100%), ваквата обука е од исклучителна важност за лицата инволвирани во јавните набавки.

На обуката учесниците ќе имаат единствена можност да дискутираат и да ги искористат искуствата на експерти за јавни набавки кои учествувале во создавањето и развојот на Електронскиот систем за јавни набавки, и кои што веќе неколку години спроведуваат постапки целосно по електронски пат.

ПРОГРАМА

– Детално опишување на е-набавките и алатките што ги нуди ЕСЈН;
– Креирање на кориснички профили и претставување и уредување на функционалноста на профилот на економскиот оператор;
– Пребарување на објавени тендери и договори;
– Поднесување на понудите преку системот;
– Учество на е-аукции;
– Претставување на случаи на „добра пракса” при спроведувањето на е-набавките и е-аукциите;
– Интерактивни вежби! Секој од учесниците индивидуално ќе поднесе понуда и ќе учествува на електронска аукција.
Обуката е наменета за сите економските оператори, приватни компании кои учествуваат на постапките за јавни набавки или имаат интерес за потенцијално учество на истите.

Повеќе информации на следниот ЛИНК

Препорачуваме

Партнери на Правдико