Пратеничкиот имунитет може да ги спаси уапсените пратеници од притвор, судот нема побарано одземање | Правдико

Правдико

   

Пратеничкиот имунитет може да ги спаси уапсените пратеници од притвор, судот нема побарано одземање

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците кои утрово беа упасени сè уште ги штити пратеничкиот имунитет, доколу се повикаат на него. Полицијата ги приведе пратеникот Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, кои се сомничат за дело тероризам, поврзано со настаните од 27 април во Собранието на РМ.

Членот 64 од Уставот на Република Македонија вели дека пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Според адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, станува збор за инфлагрантни дела.

„Ова значи дека пратениците можеле да бидат приведени во моментот на вршење на кривичното дело бидејќи тука станува збор за инфлагрантно дело. Процедуралниот имунитет значи неможност пратеникот да биде притворен без одобрување на Собранието. Надлежниот орган, односно судот, поднесува барање до претседателот на Собранието за одобрување притвор на пратеник. Во вториот случај надлежниот орган го известува претседателот на Собранието дека пратеникот е притворен затоа што е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години“, вели Давидовиќ за „Макфакс“.

Според него, доколку пратениците се повикале на нивниот имунитет за време на приведувањето, против нив нема да можело да се преземат никакви дејствија сè додека Собранието не се изјазни за тоа дали имунитетот ќе им биде одземен. Судот мора да го извести претседателот на Собранието за притворот на пратеникот дури и кога тој не се повикува на имунитетот.

Претседателот на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во Собранието, Павле Богоевски, за „Макфакс“ вели дека Судот до овој момент од него нема побарано одземање на имунитетот на пратениците. Тој вели дека доколку тоа биде побарано од него, законски е обврзан во рок од два дена да свика седница на која ќе се одлучува по ова прашање.

К. Л.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико