Пратениците го укинаа Законот за националниот уметник – нема веќе да се избираат национални уметници | Правдико

Правдико

   

Пратениците го укинаа Законот за националниот уметник – нема веќе да се избираат национални уметници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците во Собранието одлучија да го укинат Законот за националниот уметник, признание што обезбедуваше доживотен паричен надоместок во висина од две месечни плати за уметникот.

Законот ќе продолжи да важи за пет од шестемина добитници на титулата. Од утврдувањето на признанието во 2011 година надомест им беше доделен на: Симон Трпчески, Милчо Манчевски, Есма Реџепова, Борис Трајанов, Ана Дурловски и Никола Маџиров. Заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, соопшти дека за надоместоците на петте живи национални уметници за 2017 година се потребни четири милиони денари од буџетот на РМ или за секој од нив месечно бруто по 66.300 денари.

„Се оцени дека со Законот се направи нерамноправен третман меѓу уметниците, како и помеѓу националните уметници и другите вработени во културата што имаат примања во многу помал износ од просечната плата во државата“, рече Лазовски додавајќи дека постојат и други механизми за стимулирање на творештвото. Запираат сите тековни постапки за доделување на титулата национален уметник.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико