Пратениците изгласаа, екстерното тестирање се укинува | Правдико

Правдико

   

Пратениците изгласаа, екстерното тестирање се укинува

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сите присутни 64 пратеници во Собранието денес ги изгласаа законите за укинување на екстреното тестирање. Се работи за законите за основно и за средно образование и законот за наставници во основните и средни училишта. Законите се донесени по скратена постапка, а  гласањето беше според принципот на Бадентер.

Предлагачите на законот од пратеничката група на СДСМ велат дека со оваа одлука се става крај на една долгогодишна лоша реформа во образованието.

„Ова беше една лоша реформа за која учениците и наставниците протестираа, кампуваа и повикуваа на нејзино укинување, со цел да добијат поквалитетно образование.Оваа реформа не е отфрлена заради тоа што учениците не сакаат да учат, туку зашто е беспредметна и наметната. Сакам да им честитам на сите Пленумци што истрајаа во напорите и конечно го дочекаа овој ден. Ова е прва победа на парламентарното мнозинство“, рече пратеничката Ивана Туфегџиќ.

Воедно пратениците ги донесоа измените за дополнување на изборниот законик со кој локалните избори се одложуваат или треба да се оддржат во првата половина на октомври. Со ова законско решение се пролонгира мандатот на градоначалниците и на советите на општините.

Седницата и комисиската расправа поминаа без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  кои го објаснија отсуството со нападот врз министеро Никола Тодоров.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико