Пратениците ќе одлучуваат како ќе се прислушува
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Сетот закони за реформи во безбедносно-разузнавачкиот систем, кои се спроведуваат во согласност со препораките на Рајнхард Прибе, меѓу кои е и системот за следење на комуникациите, се на денешниот дневен ред на Собранието. Законот за прислушување и новата агенција што треба да се формира го поминаа првиот комисиски филтер, каде што без опозицијата и дискусии мнозинството гласаше за усвојување.
Во овој пакет има два закона, предлог-закон за формирање оперативно-техничка агенција (ОТА), која ќе биде медијатор меѓу овластените корисници и операторите во процесот на прислушување и предлог-закон за следење на комуникациите, кој има драстични измени. Новите предлог-закони предвидуваат зајакнување на контролата на механизмот на следењето на комуникациите.
Освен овие закони, тука влегуваат и предлозите за измени на законот за електронски комуникации, извршување санкции, кривична постапка, како и класифицирани информации. Некои од овие промени на законите се дел од пакетот 3-6-9.
К. Л.
Извор: Макфакс