Пратениците ќе одлучуваат за разрешувањето на Зврлевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски денеска бил испратен во Собранието на Република Македонија, откако претходно бил потпишан од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
Собранието, по добивањето на предлогот, треба да закаже седница на која ќе се разгледува и гласа за разрешувањето на Зврлевски, за што е потребно мнозинство од 61 пратеник.
Зврлевски има право да присуствува на седницата и да се произнесе по предлогот на Владата за негово разрешување, според Законот за јавно обвинителство. Следната седница на Собранието е закажана за четврток.
Владата минатата недела ја донесе одлуката за разрешување на Зврлевски поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Предлогот на владата за разрешување на државниот јавен обвинител го прифати и Советот на јавни обвинители.
Извор: Нова Македонија