Правдико

   

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го напуштија Собранието и излегоа на протест

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за уставни измени која е презакажана за во 16 часот. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, на прес-конференција пред Собранието порача дека нема да дадат летимититет за промена на Уставот  и дека ќе го искористи своето право на демократски протест, по што со неговите сопартијци се приклучија на протестот на „Македонија блокира“.

„Денес е финалниот акт на овој срамен процес во кој Република Македонија е втурната од Зоран Заев и владејачкото мнозинство. До промена на уставното име се доаѓа преку акт на насилство врз процедутите,  уцени и закани врз пратениците и нивни блиски. Ние нема да учествуваме во тој проецес, на денешната седница нема да дадеме летимитет за промена на уставот. Цврсто сме убедени дека тие се штетни и дека оставаат траен белег врз македонското национално единство.  Имаме процес на промена на Уставот преку промена на уставното име до кое се доаѓа преку пазарења, драконски уцени и има масовна злоупотреба на обвинителството и судскиот систем”, изјави Мицкоски.

Според него, судството е механизмот на власта за пресметка и уценување. ,,Заев не доби поддршка за промена на Уставот и името, туку тоа го прави на криминален начин, преку уцена на пратеници да гласаат. Името не го менуваат граѓаните, туку 80 пратеници обезбедени преку уцени и закани. Кај дел на пратениците имаме гласање под уцена, а не поради слободна волја. Јавноста знае за заткулисните игри, притисоци и закани и што значеше процесот на селективно помирување. За Зоран Заев, притворите и сето останато, на тоа сме сведоци веќе една година, а финалето почнува со денешната седница. Европски  вредности ли се тоа? Сите што се залажуваат дека ќе стигнеме до европска Македонија се лажат. Стануваме поделено и разединето општество. Оваа влада го губи легимитетот затоа што спроведува политика која нема легитимитет од граѓаните. Северна Македонија може е на Заев и на блиските соработници кои преку промена на името сакаат да ја зачуваат позицијата и привилегиите. Но мојата татковина и на повеќето граѓани е Република Македонија. Се нанесува тешка неправда и отпорот е она што ни преостанува”, порача Мицкоски.

Тој додаде дека ќе го искористи демократсктото право мирно и достоинствено да протестира. Ги замоли учесниците на протестите да не подлегнуваат на провокации  од ,,инфилтрирани полициски структури”, да останат достинствени, иако државата е окупирана од нечесна власт.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико