Пратениците не ги изгласаа барањата на Катица Јанева | Правдико

Правдико

   

Пратениците не ги изгласаа барањата на Катица Јанева

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците не ги изгласаа барањата на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева за продолжување на рокот за покренување на обвинение кој сега е 18 месеци, како и измените на Законот за заштитените сведоци, со кои би се овозможило Специјалната јавна обвинителка автономно да одлучува за заштита на сведокот.

sobranie-janeva

Измените на овие Закони беа ставени на дневен ред на седницата на Собрание по барање на опозициската партија СДСМ, која изготви и ги достави предлог-законските измени изработени според барањата на специјалната обвинителка.

За измените на Законот за Специјалното обвинителство, односно за продолжување на рокот за поднесување на обвинение, 36 пратеници гласаа „за„, а 54 пратеници гласаа „против“.

Измените на Законот ги образложи пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, кој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за измените и дека тоа е во интерес како на нивниот лидер, Никола Груевски и на другите осомничени поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, шефот на Петтата управа, Горан Грујевски.

Како што рече Шилегов со овие измени Груевски би докажал дека не го нарачал прислушувањето, а другите осомничени дека ненамерно ја уништиле опремата за прислушување.

„Гласањето за овој Закон содржи серизни политички пораки. СЈО произлезе од Договорот од Пржино и оваа институција со својот ангажман треба да придонесе во надминувањето на политичката криза во која живееме две години“, рече Шилегов.

За измените на Законот за заштитени сведоци 42 од пратениците гласаа „за“, а 52 гласаа „против“. Шилегов ги презентираше и овие измени и порача дека не постои политичка волја кај ВМРО-ДПМНЕ да се расчисти скандалот со прислушувањето.

Во образложението на овој предлог тој го спомена сведокот на СЈО, Коста Крпач кој беше пронајден мртов пред шест месеци во неговиот стан.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико