Правдико

   

Пратениците повторно го изгласаа законот за ратификација на договорот со Грција, еден воздржан

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со 69 гласа „за“ и еден воздржан, во Собранието по втор пат беше изгласан законот за ратификација на договорот со Грција.

Воздржан беше пратеникот Ферид Мухиќ кој рече дека договорот со Грција е апсолутен преседан и дека за демократијата не е добро сите да бидат едногласни.

Во Собранието не присуствуваа пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја напуштија салата пред да започне гласањето.

Претходно, министерот за надворешни работи, Никола Димитров истакна дека претседателот Ѓорге Иванов не може да го брани уставот со негово кршење. Димитров тврди дека договорот не ги загрозува идентитетот и нацијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико