Пратениците прво на распит во кривичниот суд, па одлука за барањaтa за притвор | Правдико

Правдико

   

Пратениците прво на распит во кривичниот суд, па одлука за барањaтa за притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од Кривичниот судот засега не даваат информации кога ќе биде донесена одлука за барањето за притвор за шесте пратеници на кои денеска Собранието им го одзеде имунитетот.

Пратениците најпрво треба да се појават на распит во Судот, па потоа да биде донесена одлука.

„Откако судијата на претходна постапка ќе пристапи кон одлучување по предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и ќе донесе решение по истото, јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Судот за „Макфакс“, на прашањето кога ќе се одлучува за барањата за притвор за шесте пратеници.

Исто така неизвесно е дали тие денеска ќе бидат спроведени на распит.

Според информации на „Макфакс“ на пратениците кои беа забележани во кривичниот суд во вторникот не им бил направен распит затоа што се повикале на имунитетот.

Адвокатот на Јохан Тарчуловски, Антонио Апостоловски, за „Макфакс“ потврди дека со неговиот клиент не е извршен распит. Тој вели дека очекуваат покана од Судот. Апостоловски рече дека Тарчуловски е во земјава и дека нема никаде да бега.

Со 66 гласа „за“ денеска во Собранието им беше одземен имунитетот на Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска и Љуен Арнаудов, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. За нив Судот побара Собранието да им го одземе имунитетот затоа што против нив се води истрага за упадот во Собранието на 27 април, а Обвинителството побара притвор за нив.

К. Ландов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико