Пратениците си ги намалија патните трошоци | Правдико

Правдико

   

Пратениците си ги намалија патните трошоци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците ќе добиваат помал надоместок за патни трошоци кога денеска беа изгласани измените на Законот за пратениците. Со 79 гласа „за“ и еден воздржан Законот ги помина собраниските процедури и следува негово објавување во „Службен весник“.

Со измените пратениците нема да земаат 30 отсто од изминат километар од продажната цена на еден литар гориво, туку 20 проценти.

Со измените на Законот, пратениците што живеат на оддалеченост од 100 километри од Собранието ќе може да земат и стан под кирија на трошок на државата.

За Законот немаше дебата. Единствено пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ реагира дека повторно се злоупотребува европското знаменце, но кажа дека пратениците од опозицијата ќе ги поддржат измените.

Измените доаѓаат по подолг период на реакции во јавноста за висината на патните трошоци што пратениците ги земаат во текот на годините. „Макфакс“ годинава објави повеќе истражувачки стории со кои детаљно го истражува и анализира проблемот со патните трошоци на пратениците. Во првата сторија објавивме дека пратениците и од новиот состав земаат по најмалку 10-12 илјади евра за патување до своето работно место, а потоа го анализиравме и системот според кој Собранието ги прави пресметките за патни трошоци. Пред една недела повторно објавивме нови податоци според кои за само шест месеци одредени пратеници повторно направиле патни трошоци од над 10 илјади евра, и тоа за првите пет месеци од годинава, како и последниот месец од 2017 година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико