Пратениците треба да се изјаснат за кампањата за референдумот | Правдико

Правдико

   

Пратениците треба да се изјаснат за кампањата за референдумот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Собранието Талат Џафери побарал од пратеничките групи во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието. Пратеничките групи треба да се изјаснат и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.

Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, како и до пратениците на ДПА и Алијансата за Албанците.

Џафери ги информирал пратениците дека по барање на Собранието, Владата на вчерашната седница донела одлука и одобрила да му се обезбедат средства на Парламентот во висина од 80 милиони денари.

Собранието формираше Координативно тело за спроведување на референдумот и водење јавна кампања. Со него ќе раководи Џафери, а членови се потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико