Пратениците в сабота ќе расправаат за изборот на новиот јавен обвинител | Правдико

Правдико

   

Пратениците в сабота ќе расправаат за изборот на новиот јавен обвинител

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

В сабота на собраниска седница пратениците ќе расправат за изборот на новиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Инаку, Јовески е член на Советот на јавните обвинители, а како предлог за нов државен обвинител доаѓа од Владата од 7 ноември. Седницата за неговиот избор беше најавена и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој на последниот брифинг со новинарите рече дека оваа точка на дневен ред ќе дојде кон крајот на месецот.

Постапката за избор на нов јавен обвинител се одолжи поради локалните избори што се одржаа минатиот месец. Јавното обвинителство на Република Македонија остана без прв човек кога Марко Зврлески на 17 август оваа година беше разрешен од должноста. До именувањето нов јавен обвинител оваа функција ја извршува Лилјана Спасевска.

На оваа седница ќе се расправа и за Законот за заштита на сведоците и за Советот за утврдување на фактите.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико