Пратениците во ЕП ја изгласаа резолуцијата за Македонија | Правдико

Правдико

   

Пратениците во ЕП ја изгласаа резолуцијата за Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 48 гласа за, четири против и шестмина воздржани, денеска гласаше за Предлог резолуцијата за Македонија во однос на последниот прогрес-извештај на Европската комисија.
european_parliamentКако што пренесува МИА од Брисел, се случија само две промени во однос на последните компромисни амандмани на известувачот Ричард Ховит, при што двојазичноста во земјата што ја побара Ховит е заменета со воведено двојазично образование „на незадолжителна основа”, додека ултранационализмот останува, но се појаснува дека се однесува на секоја земја во проширувањето, а не на Македонија.
Она што е најважно е дека првиот параграф од Предлог резолуцијата на Ховит останува, а тоа е дека “ЕП го повторува своето барање до Европскиот совет да одреди датум за почеток на преговори без понатамошно одложување”. 
Компромисните амандмани два и три остануваат, па така во првиот, Европарламентот го повикува Грчкото претседателство со ЕУ да ја искористи позитивната динамика на нивното лидерство за да развијат нови иницијативи за надминување на ќор-сокакот во преговорите и да се дојде до решение и се охрабрува Македонија да ги консолидира реформите и обратните политики и практики што може да бидат пречка за нејзината европска иднина и решавање на тековните расправии со соседите”.
Во третиот компромисен амандман, а кој се однесува на параграф 4 од Предлог-резолуцијата, се наведува дека „во согласност со ЕУ-процедурите, новите членки ќе бидат примени само кога тие ќе ги исполнат сите барања”, а притоа се споменува и исполнување на Копенхашки критериуми, што е всушност грчкото објаснување зошто Македонија не почнува преговори, а не блокадата поради името.
Не помина четвртиот компромисен амандман на британскиот европратеник, па наместо предлогот тој да гласи: „ЕП нагласува дека добрососедските односи се суштински столб на процесот на пристапување на земјата во ЕУ и ја повторува својата позиција дека билатералните прашања треба да се решат што е можно порано во процесот на пристапување, во конструктивен и добрососедски дух и по можност пред отворањето на пристапните преговори. ЕП смета дека треба да се избегнуваат гестови, акции и изјави кои негативно може да влијаат врз добрососедските односи и бара поконкретни резултати во соработката со цел да се воспостават добри меѓусоседски односи на три страни: Атина, Софија и Скопје”.
Она што е најважно е што е променет дел во компромисниот амандман 12, каде претходно се посочуваше дека ЕП жали што поголем напредок се уште не бил постигнат во однос на интегрираното образование и се наведуваше дека „ЕП бара акција на ова прашање за да се избегне поделба и потенцијални конфликти по етничка линија меѓу децата на училишна возраст. Во исто време се истакнува важноста на промовирање инклузивно двојазично образование и двојазичност во целина, а особено во општините каде немнозинските заедници треба да се здобијат со уставно право да го користат својот јазик во јавните живот и официјални акти”. Сега, останува делот за промоција на инклузивно промовирање на двојазично образование, но продолжението на реченицата е целосно избришано и место тоа стои дека истото треба да биде “ на незадолжителна основа”.
Компромисниот амандман 11, каде меѓу другото се наведува дека „ЕП ги осудува сите видови на ултранационализамот во земја и повикува на анти-дискриминациски политики и толеранција во општеството, без оглед на верата, етникумот или јазикот”, целосно останува, со тоа што е појаснето дека ултранационализам се однесува на секоја земја од процесот на проширување, а не на Македонија.
Во соопштението до јавноста по денешното гласање, известувачот Ховит напоменува дека „тековното Грчко претседателство со ЕУ треба да се претвори во предност, а не пречка, во однос на долгогодишнио спор за името меѓу Атина и Скопје”.
Според известувачот за Македонија, во Резолуцијата повторно се нагласува дека билатералните прашања не треба да влијаат на процесот на пристапување во ЕУ, но по прв пат е ставен под прашање и кредибилитетот на рамката на Обединетите нации за решавање на спорот за името.
Извор: 24 вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико