Правдико

   

Права на барателите на азил и мигрантите : збирка пресуди на Европскиот суд за човековите права со коментар

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Република Македонија географски се наоѓа на крстопатот каде се среќаваат Истокот и Западот, Северот и  Југот и од тие причини, секое позначајно миграциско придвижување од или кон Европа, оставило печат на тлото на нашата земја. Во последните дваесет и пет години, Балканот и особено Република Македонија се соочуваат со бранови на бегалци кои под притисокот на војните најчесто бараат заштита во земјите на Европската Унија (ЕУ).1 Ова надоаѓање на бегалци кон европските земји, вклучува цели семејства, деца, жени, стари лица и лица со посебни потреби, кои бараат солидарност и гостопримство.

Овие луѓе, бегајќи под налетот на војните, ја напуштат земјата на потекло во потрага по подобро место за живот, во страв по сопствениот живот и по животите на своите блиски, што ги става во особено ранлива положба.Многу често, тие поминувале низ апсења, затворања, мачења, нечовечко или понижувачко постапување, а и патот кон земјата на заштита пропратен е со голем број опасности, страв и неизвесност од тегобата да не се биде вратен назад во истиот простор на мачење и понижување.

На нивниот пат кон земјите на ЕУ, Република Македонија сè уште е земја на поминување. На поминување низ територијата на земјата, тие треба да бидат прифатени и третирани согласно стандардите веќе утврдени во меѓународното право и не треба да се запостави веројатноста дека поради засилената контрола на границите на земјите членки на ЕУ, дел од тие луѓе можат да останат и да побараат азил во Република Македонија.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Извор: myla.org.mk

Партнери на Правдико