Правата и должностите на пратениците | Правдико

Правдико

   

Правата и должностите на пратениците

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците во собранието се избрани од страна на граѓаните на Република Македонија  согласно со Уставот на Република Македонија и закон.Пратеникот е претставник на граѓаните на Република Македонија и при извршувањето на функцијата пратеник одлучува по свое уверување.

sobranie-2

Пратеникот додека ја врши својата функција  е должен да присуствува на седниците на Собранието и на работното тело, чиј член е, како и да учествува во работата и одлучувањето на Собранието и на работното тело, а доколку  е спречен да присуствува на седницата на Собранието, односно на работното тело, е должен за тоа навреме да го извести претседателот на Собранието, односно претседателот на работното тело и да ги наведе причините за отсуството од седницата. Претседателот на Собранието, односно претседателот на работното тело ги оценува причините за оправданоста на отсуството.

Ако пратеникот неоправдано отсуствува од седница на Собранието, односно од седница на работното тело чиј член е, соодветно му се намалува платата и другите лични примања и не се пресметуваат надоместоци на трошоци.

Пратеникот има право и должност:

– да предлага донесување на закон, друг пропис или општ акт,

– заедно со најмалку 19 пратеници да предлага распишување на референдум за прашања од надлежност на Собранието,

– да поднесува барање за давање на автентично толкување на закони,

– да учествува во подготвување на текстови на закони и други прописи што ги донесува Собранието на предлог на пратеник,

– да поднесува амандмани на предлози на закони,

– да предлага расправа по прашања од јавен интерес,

– да предлага предлози на заклучоци по прашања што се разгледуваат  на седница на Собранието,

– да избира и да биде избиран во работните тела на Собранието,

– заедно со најмалку четири пратеници да постави интерпелација за работата на Владата,

– заедно со најмалку 19 пратеници да предлага основање на анкетни комисии за сите области и за сите прашања од јавен интерес,

– заедно со најмалку 19 пратеници да постави прашање на доверба на Владата,

– заедно со најмалку 19 пратеници   да предлага кандидат за претседател и потпретседател на Собранието,

– заедно со најмалку 29 пратеници да предлага кандидат за претседател на Републиката,

– заедно со најмалку 29 пратеници да предлага прогласување на воена состојба,

– заедно со најмалку 29 пратеници да предлага постоење на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или на нејзин дел,

– заедно со најмалку 29 пратеници да предлага пристапување   кон измена на Уставот на Република Македонија,

– заедно со најмалку 39 пратеници да предлага стапување, односно истапување од сојуз или заедница со други држави,

–  заедно со најмалку  39 пратеници да предлага стапување, односно истапување од членство во меѓународни организации и

– да предлага и други прашања од надлежност на Собранието.

Пратеникот има право да поставува пратеничко прашање на Владата и на секој министер поединечно, како и на други носители на јавни функции кои ги избира и именува Собранието. Претседателот на Владата, надлежниот министер, односно носителот на друга јавна функција е должен да одговори на пратеничкото прашање по постапка и во рок определен со Деловникот на Собранието.

Пратеникот не може да биде повикан на кривична или друга одговорност, или да биде притворен за искажано мислење или гласање на седниците на Собранието или на неговите работни тела. Исто така пратеникот не може да биде повикан на кривична или друга одговорност, или да биде притворен за искажано мислење или гласање на седниците на Собранието или на неговите работни тела.

Пратеникот   има право и должност да ги информира избирачите за извршување на своите и на обврските на Собранието и  е должен да прима мислења и предлози од избирачите и истите да ги има предвид во своето работење и одлучување.

-ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико