Правата и обврските на јавниот обвинител според новиот ЗКП | Правдико

Правдико

   

Правата и обврските на јавниот обвинител според новиот ЗКП

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

javno-obvinitelstvo-skopjeНовиот Закон за кривична постапка нуди поинакви решенија од досегашните во однос на работата на јавното обвинителство каде законодавецот целокупната предистражна и истражна постапка му ја доверил и е ставена во надлежност на јавниот обвинител, со што значи работата на досегашните истражни судии во делот на истрагата преоѓа во рацете на јавниот обвинител и тој ја води истрагата, со што се зацврстува улогата на јавниот обвинител во борба против сторителите на кривични дела кои се гонат по службена должност.

Согласно решенијата во Законот за кривична постапка основно право и должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност. Во предметите за кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност, јавниот обвинител има право и должност да:

– ги насочува дејствијата на органите надлежни за откривање и пријавување на кривичните дела и на нивните сторители,
– предлага или да издава наредба за преземање на посебни истражни мерки, под ус лови и на начин определени со овој закон,
– донесува наредба и да спроведува истражна постапка,
– пронаоѓа, предлага и да обезбедува докази, под услови и на начин опредeлени со овој закон,

– предлага привремени мерки заради обезбедување на имот или предмети при ба ве ни со кривично дело или заради извршување на мерката конфискација,
– одлучува за одлагање на кривичното гонење под услови и на начин определeни со овој закон,
– предлага издавање на казнен налог под услови определени со овој закон,
– преговара и да се спогодува со обвинетиот за признавање на вина, на начин и под услови определени со овој закон,
– поднесува и застапува обвиненија пред надлежниот суд,
– поднесува жалби против неправосилни судски одлуки и вонредни правни лекови против правосилни судски одлуки,
– одлучува по жалба на оштетениот во случаи утврдени со овој закон и
– презема и други дејствија утврдени со закон.

lisiciСогласно наведените права и должности на јавниот обвинител се извлекуваат клучните овластувања кои по законот ги има обвинителот во кривичната постапка и тоа:

– да раководи со предистражната постапка каде на располагање ја има правосудната полиција но и може сам да го преземе секое дејствие потребно за откривање на кривич ното дело и откривање и гонење на неговиот сторител за кое со закон е овластено Ми нистерството за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа,

– да се откаже од кривично гонење до завршување на кривичната постапка,

– условно со решение да го одложи кривичното гонење со согласност на оштетениот за гонење за кривично дело за кое е пропишана казна затвор до три години ако осомничениот е подготвен да се однесува според упатствата на јавниот обвинител и да ги исполни определените обврски со кои се намалуваат или отстрануваат штетните последици на кривичното дело, се става крај на вознемирувањето што е резултат на кривичното дело, односно се влијае со цел да се реинтегрира осомничениот.

Јавниот обвинител не е должен да преземе кривично гонење, односно може да се откаже од гонењето, ако:

– во Кривичниот законик е утврдено дека судот може сторителот на кривично дело да го ослободи од казна и ако јавниот обвинител со оглед на конкретните околности на слу чајот ќе оцени дека самата пресуда без кривична санкција не е потребна

– во Кривичниот законик за кривичното дело е пропишана парична казна или казна затвор до три години, а осомничениот поради вистинско каење го спречил настанувањето на штетните последици или ја надоместил сета штета и ако јавниот обвинител со ог лед на конкретните околности на случајот ќе оцени дека кривичната санкција не е основана или

– осомничениот како член на организирана група, банда или друго злосторничко здруже ние доброволно соработува пред или по откривањето или во текот на кривичната постапка и ако таквата соработка и изјава на тоа лице е од суштествено значење за кривичната постапка.

sud1Јавниот обвинителот ја започнува кривичната постапка.

Кривичната постапка започнува со:

1. издавање на наредба за спроведување истражна постапка,
2. или со првото преземено истражно дејствие пред да биде издадена наредба за спроведување истражна постапка,
3. со определување на главната расправа по обвинителен предлог или приватна тужба,
4. со предлог за издавање казнен налог
5. или со предлог за определување мерка на безбедност.

Истражни центри на ЈО и Правосудна полиција

Новини во ЗКП се формирање на Истражни центри во обвинителството кои треба да се екипираат кадровски и материјално за работа и Правосудна полиција иако кај полицијата субјектите за работа постојат но ќе треба да се утврди освен крим-полиција кои други служби би влегле во составот на правосудна полиција од причини што по однос на гонење и откривање на делата и сторителите истите служби ќе имаат блиска врска и по конкретизиран однос со
јавниот обвинител.

– Истражни центри на ЈО

За потребите на кривичната постапка, за подрачјето на едно или повеќе јавни обвинителства се формираат истражни центри на јавното обвинителство, кои се формираат со одлука на јавниот обвинител на Република Македонија. Вкупниот број на припадници на правосудната полиција во истражните центри на Јавното обвинителство се определува со одлука на јавниот обвинител на Република Македонија, по претходнo мислење на министерот за внатрешни работи, министерот за правда и министерот за финансии.
Работите во истражниот центар ги вршат припадниците на правосудната полиција во истражните центри на јавното обвинителство, кои се избираат за вршење работи на определено време, по пат на објавен внатрешен оглас, како и лица вработени во јавното обвинителство согласно со Законот за Јавното обвинителство.

Овие лица можат да учествуваат во преземањето на истражните дејствија на:

– начин што го подготвуваат нивното спроведување,
– примаат изјави и предлози,
– како и самостојно преземаат определени истражни дејствија доверени од страна на јавниот обвинител.

Записникот за ваквото дејствие го одобрува јавниот обвинител во рок од 48 часа од преземеното дејствие.

Работниците кои се избрани да работат во истражниот центар му се на:

– располагање на јавниот обвинител,
– работат под негова контрола и надзор,
– ги почитуваат и извршуваат неговите наредби,
– работат согласно со неговите насоки и упатства и
– за својата работа му одговараат на јавниот обвинител.

За времето додека работниците се избрани да работат во истражниот центар не може да бидат распоредени на друго работно место во државните органи од каде што доаѓаат или да бидат отстранети да работат од предметниот случај без изрично одобрение на јавниот обвинител.

politsija– Односот помеѓу Јавниот обвинител и полицијата

Согласно со новата улога на јавниот обвинител, кој раководи со предистражната постапка, полицијата има обврска по приемот на кривична пријава или добиеното сознание за пос тоење на основи на сомневање дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, без одлагање по писмен пат да го извести јавниот обвинител.

Ако постојат основи на сомневање за кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 4 години или постојат причини за итност, полицијата, односно правосудната полиција известувањето на јавниот обвинител ќе му го даде веднаш по устен пат. На усното известување мора без одлагање да следи писмено известување. Во текот на предистражната постапка, правосудната полиција е должна да постапува по наредбите на јавниот обвинител и бараните известувања е должна да ги даде во рок од 30 дена од приемот на наредбата. Овој рок може да биде продолжен од страна на јавни от обвинител за најмногу 30 дена во сложени случаи на тешки кривични дела сторени од криминална група или од повеќе лица. Правосудната полиција ќе продолжи со извидите и кога нема добиено посебни наредби или насоки од јавниот обвинител.

И во тој случај, таа е должна да го извести јавниот обвинител за вака спроведените полициски извиди. Односите помеѓу јавното обвинителство и полицијата и формирање на Правосудната полиција и истражни центри на јавното обвинителство се голема новина во претходната постапка. Јавното обвинителство не само што раководи со предистражната постапка, туку тоа може самото да го преземе секое дејствие потребно за откривање и гонење на кривично дело и неговиот сторител за кое со закон е овластена Полицијата, Финансиската полиција и Царинската управа на РМ. Најзначајната новина е сепак форми рањето на правосудната полиција, па така раководителите на деловите на МВР кои работат на откривање и пријавување (криминалистичката полиција, крим-техника и сл.), како и финансиската полиција и делови на Царинската управа на РМ кои се под капата на Министерството за финансии сега се непосредно под раководство на јавното обвинителство.

Од друга страна, јавното обвинителство сега ќе има криминалистички инспектори не по средно во самиот негов состав во рамките на истражните центри на јавното обвинителство, кои во дел ќе бидат составени од припадници на правосудната полиција. Од горе посоченото за односот помеѓу јавниот обвинител и полицијата се извлекува следниот заклучок

– јавниот обвинител хиерархиски е надреден над полицијата во делот на кривичната постапка
– јавниот обвинител раководи со целата постапка како и во предистражната постапка а тоа е делот каде што работи полицијата
– јавниот обвинител наредува,предлага мерки,дава упатства за постапување, врши  контрола на мерките и дејствијата кои се преземаат во текот на постапките
– јавниот обвинител согласно законот, полицијата ја користи како алатка за работа за гонење, пронаоѓање, обезбедување на докази и откривање на сторителите на кривични дела
– полицијата е подредена во однос на јавниот обвинител
– полицијата ги извршува наредбите и упатствата за постапување на јавниот обвинител
– полицијата ги применува полициски овластувања и презема мерки и дејствија под контрола на јавниот обвинител
– полицијата е должна писмено или усно да го известува јавниот обвинител за секоја активност

– Полицијата согласно законските решенија работи за и заедно со јавниот обвинител за гонење и откривање на сторители и дела кои се гонат по службена должност

Општа констатација е дека односот помеѓу овие институции треба да биде објективен во склад со законските решенија во која јавниот обвинител има раководна улога во кри вичната постапка и треба да постои добра организација,тимска работа,коректност во пос та пу вањето како и контрола и анализа на секоја преземена мерка од страна на полицијата, а исто така и полицијата ќе се ослонува во работата на насоките и наредбите што ги дава јавниот обвинител
со што ќе се избегне секаква злоупотреба на овластувањата, и ќе се до бие во квалитетет во постапките.

Извор: http://polis.osce.org/

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Спогодување на Јавниот обвинител со осомничениот

– Посебни истражни мерки според новиот ЗКП

– Прирачник за главна расправа според новиот ЗКП

Вкрстено испитување според новиот ЗКП

– Истражни дејствија според новиот ЗКП

– Спогодување за вина според новиот ЗКП

– Прирачник за забрзана постапка според новиот ЗКП

– Истражна постапка според новиот ЗКП

Препорачуваме

Партнери на Правдико