Правила кои сите треба да ги почитуваат при станбено домување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Сопствениците на посебните делови се должни да учествуваат во тековното и инвестиционото одржување на заедничките делови од зградата сразмерно со вредноста на нивните посебни делови според вкупната вредност на целата зграда, а ако заедничките делови се во функција само на некои делови од зградата сразмерно со вредноста на тие делови според вкупната вредност на оној дел од зградата во кој се наоѓаат тие делови.
Правилата кои следат се однесуваат и на лицата кои по кој било основ трајно или привремено користат станбен или деловен простор во станбената зграда, како и лицата кои во станбената зграда привремено доаѓаат.
Во станбените згради во влезот во ходникот на приземјето на видно место треба да има истакнато:
– огласна табла;
– список на сите станари со име и презиме, спрат и број на стан односно назив на фирми кои вршат деловна дејност во станбената зграда;
– куќен ред;
– упатство за користење на заедничките простории во станбената зграда;
– противпожарен апарат;
– упатство за постапување во случај на природни или други несреќи и
– име и презиме на управителот или претседателот на заедницата на сопственици.
Во ходникот од влезот на станбената зграда треба на видно место да се поставени поштенски сандачиња со име и презиме на сопственикот или закупецот на станот односно сопственикот или закупецот на деловниот простор со број на станот и спрат на кој станот односно деловниот простор се наоѓа. Сопствениците односно корисниците на станот или деловниот простор на влезната врата од станот односно деловниот простор треба да истакнат натпис со име и презиме на сопственикот односно корисникот на станот, односно назив на фирмата на деловниот простор.
Ако зградата има стан или простор наменет за домар на влезната врата од истиот треба да биде истакнат натпис домар. Правните и физичките лица кои вршат деловна дејност во станбена зграда, називот на фирмата го истакнуваат и на фасадата од влезот од станбената зграда.
Поставување на плакати, излози, рекламни натписи, јарболи за знамиња, антени, инсталации на кабелски телевизии и сл. на станбените згради можат да се поставуваат само доколку тоа е во согласност со закон. По иселувањето од станот односно деловниот простор корисникот на станот односно деловниот простор треба да ги отстрани поставените натписи и местото каде биле поставени да го доведе во состојба што била пред нивното поставување.
Сопствениците односно корисниците на станови или деловни простории во станбената зграда можат да ги користат заедничките делови, посебните делови од зградата и земјиштето што и припаѓа на зградата, но при користењето да не предизвикуваат штета на истите. Секој корисник на стан односно деловен простор во станбената зграда го пријавува секое оштетување и нефункционирање на заеднички дел или уред во зградата на управителот односно на претседателот на заедницата на сопственици на станбената зграда. Сопствениците и корисниците на становите односно на деловните простории во станбената зграда треба да ја одржуваат чистотата на посебните делови, заедничките делови на зградата како и на земјиштето што и служи за нејзина употреба.
Доколку во заедничките или посебните делови од станбената зграда се вршат некои активности, пред започнување на истите, треба да се извести управителот односно претседателот на заедницата на сопственици, како и на огласната табла да се истакне известување заради информирање на сите корисници на станови односно деловни простории на станбената зграда.
Вратата од влезот од зградата треба да биде заклучена во периодот од 22,00 часот до 06,00 часот. Во станбените згради во кои постои интерен говорен уред (домофон), заедницата на сопственици може да одлучи влезната врата да биде постојано заклучена. Секој сопственик односно корисник на стан во станбената зграда треба да има клуч од влезната врата. Вратите од подрумот, засолништа и од таванот треба да бидат постојано заклучени, а светлата после употребата треба да се изгаснат. Клучеви од овие простории треба да има секој сопственик или корисник на стан, а клучевите од овие простории постојано треба да се наоѓаат кај управителот односно претседателот на заедницата на сопственици на станбената зграда.
Во заедничките делови од станбената зграда не е дозволено чување на предмети и материјали кои го оневозможуваат нивното користење и го попречуваат движењето на лица или истите можат да предизвикаат зараза, пожар, незгода или несреќа. Доколку во заедничките делови од станбената зграда се чуваат запаливи материи истите треба да се чуваат и обезбедат на начин пропишан со закон.