Правдико

   

Правила кои треба да ги почитуваат возачите на мопед и мотоцикл

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

0702_crup_02_z+motorcycle_cruiser_comparison+riding_left_sideУчесниците во сообраќајот се должни да постапуваат во согласност со прописите за правилата на сообраќајот, со сообраќајните знаци поставени на патот и со знаците и наредбите што ги даваат униформираните полициски службеници. Како дел од сообраќајот се и мопедот и мотоциклот за кои законот пропишал одредени правила кои возачите се должни да ги почитуваат.

По поимот Мопед се подразбира возило на моторен погон со две или три тркала чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50см/3 односно силата на електромоторот не поминува повеќе од 4КW и чија брзина на рамен пат е ограничена на најмногу 45 километри/час.

Услови кои треба да се исполнуваат за управување на мопед се следните:

– лицето да  има  наполнето 14 години,

– да е здравствено и психофизички способно за управување ( се докажува со изјава на лицето или негов родител односно старател – ако лицето не наполнило 18 години возраст.)

–  да положило возачки испит за познавање на сообраќајните знаци и  правилата на сообраќајот со што се стекнува со категорија ,,М” .

Под поимот Мотоцикл се подразбира возило на моторен погон со две тркала, со странична приколка или без неа, чија работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување е поголема од 50см3 и чија конструкциски дозволена брзина е  поголема од 45 километри/час.

Услови кои треба да се исполнуваат за управување на мотоцикл се следните:

– лицето да  има  наполнето  16 години за да имате право да полагате за возачка дозвола ,,A1″ за мотоцикли, чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 КW.

Лицата кои се стекнале со право на управување со возило што спаѓа во поткатегоријата ,,А1”, по навршени 18 години возраст се стекнуваат со право
на управување со возило од категоријата ,,А” без полагање на возачки испит.

Возач – почетник кој поседува возачка дозвола од категориите ,,А”, ,,Б”  и ,,Ц”, односно од поткатегориите ,,А1” и ,,Ц1”, не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 километри/час на автопат, а со велосипед со мотор повеќе од 40 километри/час, ниту смее со возилото да влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на издавање на возачката дозвола. Возачот почетник, кој поседува возачка дозвола од ,,А” категорија, не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 25 киловати.

Како возач-почетник  се смета  секој возач на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја
добил во Република Македонија или во странство.

Правила во сообраќајот за мопеди и мотоцикли

– Возачот на  мопед е должен да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот. Ако двајца или повеќе возачи на мопед се движат во група се должни да се движат еден по друг. Возачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила.  Возачот на велосипед со помошен мотор, мопед не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 километри на час.

– Возачот на  на мопед и возачот на мотоцикл, е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот.

– Возачот на  на мопед  и возачот на мотоцикл,  може да превезува други лица само ако на возилото постојат посебни седишта, а возачот на мотоцикл – и во страничната приколка. Забрането е превезување на лица под дејство на алкохол.

– Возачот и лицата кои се превезуваат со мопед  или мотоцикл, задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. 

– На  мопед или  мотоцикл,  не смеат да се превезуваат предмети пошироки од еден метар.

– Возач на  мопед или мотоцикл за времето додека управува со возилото не смее да води животни.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико