Правна анализа на концептот на казненото дело на омраза и говорот на омраза
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Изострувањето на проблемот на нетолеранција, омраза, непријателство и насилство спрема различните по своите особености социјални групи и нивните припадници е израз на потрагата по нови обрасци за решавање на социјалните конфликти, кои може да претставуваат извор на општествена нестабилност. Таквата потрага е инспирирана со потребата за елиминирање на која било форма на дискриминација, непречено остварување на правото на еднаквост на човековите слободи и права и развивање на културата и правото на толеранција. На состанокот на Министерскиот совет на државите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (овде и понатаму ОБСЕ) во Мастрихт 2003 година се усвоени важни одлуки во однос на спречувањето на делата мотивирани со нетолеранција спрема одредени општествени групи (“дела на омраза”).
Државите членки се обврзани да го разгледаат применувањето и јакнењето, таму каде што е потребно, на законите кои забрануваат дискриминација или сторување на дела на омраза, а на Канцеларијата за демократски институции и права на човекот (овде и понатаму ODIHR) му е доверен мандат да ги поттикнува и координира нивните активности. Министерскиот совет во Брисел 2006 година донесе одлука ODIHR да претставува собирен пункт на информации и статистички податоци за криминалот на омраза и законодавствата на државите членки и информациите да ги прави јавно достапни.
На состанокот во Атина 2009 година, тој го прошири мандатот на ODIHR на активности во следниве подрачја (в. Bys): собирање јавни податоци; унапредување на законодавството; градење капацитети на системот на казнена правда; поддршка на цивилното општество; и обезбедување помош на жртвите на делата на омраза.
Развивањето на конзистентен систем на превенција и репресија на делата на омраза и на говорот на омраза ја демонстрира определбата и капацитетот на државата за доследно почитување на човековите слободи и права. Со нивното ефикасно спречување и казнување, се упатува јасна порака до организаторите, поттикнувачите и извршителите на такви акти дека таквите екстремни изрази на дискриминација не може да бидат толерирани.
Државата и општество кои не ги почитуваат овие постулати не може да се сметаат за хумани, праведни и демократски. Важен исчекор напред во создавањето таков правен концепт во Република Македонија претставува усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација од 2010 година, како и заокружувањето на казнено-правниот модел на делата на омраза со измените на КЗ од 2004 и 2009 година.
Прочитај ја целата статија ТУКА
Извор http://www.jpacademy.gov.mk
Поврзани статии:
– Слобода на изразување и говор на омраза
– Дефинирање на говорот на омраза
– Пресуди и одлуки во врска со говорот на омраза
– Слободата на изразување и говорот на омраза гледани преку ЕСЧП