Правна заштита на правото на еднаков третман на жените и мажите | Правдико

Правдико

   

Правна заштита на правото на еднаков третман на жените и мажите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

gender-equality--690x450Воспоставувањето на еднакви можности е грижа на целото општество, односно на сите субјекти во јавниот и приватниот сектор и претставува отстранување на пречките и создавање услови за остварување на потполна еднаквост меѓу жените и мажите.

Субјекти кои ги воспоставуват еднаквите можности и еднаквиот третман на жените и мажите се органите на законодавната, извршната и судската власт, единиците на локалната самоуправа и други органи и организаци во јавниот и приватниот сектор, јавни претпријатија, политички парти, средствата за јавно информирање и граѓанскиот сектор и сите лица кои обезбедуват стоки и услуги кои се достапни за јавноста и кои се нудат надвор од подрачјето на приватниот и семејниот живот и трансакците што се вршат во тој контекст без разлика дали односното лице припаѓа на јавниот или
приватниот сектор.

Секој граѓанин има право на пристап до вработување без какви било ограничувања, согласно со принципот на еднаков третман. Согласно со принципот на еднаков третман во пристапот до вработување, дискриминацијата е забранета и врз основа на брачниот статус, семејниот статус, боја на кожа, јазик, политичко или друго убедување, активност во синдикатите, националната припадност или социјалниот статус, инвалидност, возраст, сопственост, општествен или
друг статус.

Заштитата на правото на еднаков третман по основ на пол се остварува со поднесување претставка пред:

– застапник во Министерството за труд и социјална политика,
– Народниот правобранител или
– Комисијата за заштита од дискриминација или
– надлежен суд.

Поднесување на претставка

osce_bih_2014030317460936_bigПретставка може да поднесе секое правно или физичко лице, лично или преку полномошник, писмено, усно на записник или во друга форма, телефакс, или по електронска пошта. Претставката поднесена преку телефон треба да биде доставена и писмено во рок од осум дена. За усно поднесената претставка се составува службена белешка.

Претставката содржи лични податоци за подносителот, податоци за субјектот (правен или физички) на кој се однесува претставката, околностите и фактите врз кои се темели претставката, податоци за правните средства кои подносителот претходно ги вложил (доколку ги има) и потпис на подносителот. Анонимните претставки нема да се разгледуват.

Подносителот на претставката е ослободен од плаќање на административна такса и друг надоместок. Претставката се поднесува во рок од шест месеци од денот на дознавањето за актот за дискриминација или најдоцна една година од денот кога била сторена повредата.

Доколку претставката е неразбирлива и не ги содржи потребните факти од кои може да се утврди актот или дејствието на дискриминација, застапникот од подносителот на претставката ќе побара истата да ја појасни и дополни во рок од 15 дена од денот на побараното дополнување.

Кога не се поведува постапка?

Застапникот не поведува постапка по поднесената претставка ако е очигледно дека нема повреда на правото на кое подносителот се повикува, односно дискриминација по основ на пол, ако по истата работа веќе постапувал, а не се понудени нови докази и факти, ако рокот за поднесување на претставката е истечен, ако претставката е анонимна, ако
за истиот случај веќе е поведена постапка пред надлежен суд, или е донесена правосилна судска одлука.

Кога застапникот нема да поведе постапка по претставката  е должен да го извести подносителот на претставката во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на претставката и да му ги објасни причините за неповедувањето.

Поведување на постапката

Застапникот може да поведе постапка и по своја иницијатива. По приемот на претставката застапникот ја утврдува фактичката состојба, со увид воприложените документи, земање на писмени или усни изјави од подносителот на
претставката, од лицето против кое е поднесена претставката, како и од други лица за кои смета дека располагат со податоци за конкретниот настан.

Поднесената претставка се доставува до лицето против кое е поднесена во рок од пет работни дена од денот на поведувањето на постапката, за да се произнесе по наводите во неа во рок од 15 дена од приемот на истата.Правните и физичките лица се должни на барање на застапникот да ги достават податоците со кои располагат за конкретни случаи на дискриминација, како и да дозволат да се изврши непосреден увид во документацијата во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето.

Застапникот ја спроведува постапката и изготвува писмено мислење во рок од 90 дена од денот на приемот на преставката. Мислењето содржи образложение за утврдениот неднаков третман по основ на пол и препорака за начинот на отстранување на повредата на правото. Изготвеното мислење се доставува до министерот за труд и социјална политика.

Мислењето се доставува до подносителот на претставката, лицето против кое е поднесна претставката и до други правни и физички лица кои се вклучени во постапката, во рок од осум дена од изготвувањето. Лицето на кое се однесува препораката е должно да постапи по истата и да ја отстрани повредата на правото во рок од 30 дена од денот на приемот на мислењето и за тоа да го извести застапникот

Ако лицето на кое препораката се однесува не постапи по препораката, односно не ја отстрани повредата на правото, застапникот може да покрене постапка пред надлежен орган за утврдување на неговата одговорност.

Судска заштита

Лицето кое смета дека му е повредено правото на еднаков третман по основ на пол може да поднесе тужба пред надлежен суд. Во постапката содветно се применуват одредбите од Законот за парничната постапка. Постапката е итна.

Со тужбата може да се бара:

1) да се утврди дека тужениот го повредил правото на тужителот на еднаков третман по основ на пол, односно дејствието коешто го презел или пропуштил, може непосредно да доведе до повреда на правата на еднаквост во постапувањето;

2) да се забрани преземање дејствија со кои се повредува или може да се повреди правото на тужителот на еднаков третман, односно да се извршат дејствија со кои се отстранува неднаквиот третман или последиците од истиот;

3) да се надомести материјалната и нематеријалната штета причинета со повреда на правото на еднаков третман, согласно со Законот за облигационите односи и

4) да се објави во средствата за јавно информирање пресудата со која е утврдена повреда на правото на еднаков третман на трошок на тужениот.

Товар на докажување

Кога лице кое за себе смета дека е жртва на дискриминација ќе изнесе факти од кои може да се претпостави дека имало дискриминација тогаш оној кој се товари дека извршил дискриминација е должен да докаже дека не го повредил принципот на еднаков третман.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико