Правна анализа: Вработување на лицата со хендикеп во РМ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Оваа публикација ја истражува состојбата со вработувањето на лицата со хендикеп во Република Македонија, од правен аспект. Правната анализа е направена во првата половина од 2013 година, од авторот Жанета Попоска, на иницијатива од Полио плус движење против хендикеп, а со поддршка од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) на Европската унија.
Предизвик на правната анализа беше мапирањето на состојбите со вработувањето на лицата со хендикеп во Република Македонија, како на законодавството , така и на институционалната рамка која го овозможува овој процес и, оценка на нивната усогласеност со постојните меѓународни стандарди. Оправданоста за изработка на правната анализа е потребата од јасно претставување на законодавството и политиките кои го овозможуваат вработувањето на лицата со хендикеп во Република Македонија, и нивното спроведување во практика.
Исто така, анализирањето на поставеноста на институционалната рамка и оценката каква улога, фактички, игра во целиот овој процес, беше од исклучително значење за желбата сé да се проанализира, сé со цел давање препораки за унапредување на конкретната состојба.
Целото издание можете да го превземете ТУКА