Правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедување | Правдико

Правдико

   

Правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

0,,16207272_401,00Приватно обезбедување претставува заштита на лица и имот што се врши од страна на правни лица кои имаат дозвола за приватно обезбедување. Правните лица кои имаат дозвола за приватно обезбедување преземаат мерки и активности  заради спречување и откривање на штетни појави и противправни дејствија кои ги загрозуваат телесниот интегритет и достоинството на личноста и имотот што се обезбедува.

Владата на Република Македонија определува кои правни лица се должни да имаат приватно обезбедување, ако вршењето на нивната дејност е поврзано со ракување со радиоактивни материи или други по луѓето и околината опасни материи, предмети и објекти од особено културно и историско значење, како и во други случаи кога е тоа во интерес на безбедноста, односно одбраната на Република Македонија.

Обезбедувањето  правното лице може да го врши како:

1) обезбедување за сопствени потреби врз основа на издадена дозвола за обезбедување за сопствени потреби и
2) обезбедување со користење на услуги од правни лица што вршат приватно обезбедување во вид на давање на услуги, согласно со овој закон, врз основа на склучен договор.

Со одлука на Владата на РМ од 2013 година,  правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедување се следните:

Приватно обезбедување на правни лица чија дејност е поврзана со ракување со радиоактивни материи или други по луѓето и околината опасни материи

obezbeduvanjeПравните лица на територијата на Република Македонија регистрирани за вршење дејност согласно Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, покрај обврските предвидени со овој закон имаат физичко и техничко обезбедување заради обезбедување на сигурноста на изворите на јонизирачко зрачење од недозволен пристап на неповикани лица во објектите при транспорт и депонирање на радиоактивниот  отпад.

Правните  лица  на  територијата  на  Република  Македонија  регистрирани  за производство и промет на големо со лекови и медицински помагала согласно Законот за лековите и медицинските помагала, како и согласно други прописи од областа на лековите и медицинските помагала, и здравствените установи за секундарна и терцијална болничка здравствена заштита имаат физичко и техничко обезбедување на објектите и околниот простор.

Правните  лица  на  територијата  на  Република  Македонија  регистрирани  за производството и промет со запални течности и запални гасови чија зафатнина е над утврдената со Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови ги заштитуваат  своите  магацини,  складови  и  резервоари  со  пропишана  ограда,  имаат техничко обезбедување, а со примена на други потребни мерки и физичко обезбедување, согласно закон.

Правните лица на територијата на Република Македонија регистрирани за вршење на превоз на опасни материи, покрај обврските предвидени со Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, на местото на кое се врши натовар или истовар на опасни материи имаат физичко и техничко обезбедување

Приватно обезбедување на правни лица чија дејност е поврзана со ракување со предмети и објекти од особено културно и историско значење

Јавните установи и приватните музеи основани согласно Законот за музеите и јавните установи основани согласно Законот за заштита на културното наследство, чија дејност е поврзана со ракување со предмети и објекти од особено културно и историско значење, како и археолошките локалитети и друго недвижно културно наследство имаат физичко и техничко обезбедување на движното и недвижното културно наследство.

Приватно обезбедување на правни лица кога тоа е во интерес за безбедноста и одбраната на Република Македонија

obezbeduvanje3Правните лица на територијата на Република Македонија регистрирани за вршење дејности од областа на енергетиката согласно одредбите на Законот за енергетика, за производство, пренос и дистрибуција на енергија, покрај другите безбедносни мерки утврдени со закон и пропишани со подзаконски прописи, заради заштита на здравјето и животот на луѓето и заради заштита на животната средина, природата и растенијата имаат физичко и техничко обезбедување.

Правните лица на територијата на Република Македонија регистрирани за вршење дејности од областа на водоснабдувањето на населението со вода за пиење и технолошки потреби  согласно  со  Законот  за  водостопанствата  имаат  физичко  и  техничко обезбедување.

Правните лица на територијата на Република Македонија регистрирани за вршење дејности за заштита и управување со повеќенаменски подрачја, заштита и унапредување на животната средина, заштита на природата и природното наследство во заштитени подрачја и надвор од заштитените подрачја согласно со Законот за животната средина, Законот за заштита на природата и согласно други прописи од областа на заштита и унапредување на животната средина, човековата околина, природата и националните паркови имаат физичко и техничко обезбедување на просторите и објектите со кои стопанисуваат.

Јавното претпријатие Македонска радиотелевизија и другите правни лица кои се регистрирани за вршење дејност од јавен интерес (електронски и печатени медиуми) под услови  утврдени  со  Законот  за  основање  на  Јавно  претпријатие  Македонска радиодифузија,  Законот  за  радиодифузната  дејност  и  Законот  за  електронските комуникации имаат физичко и техничко обезбедување.

Народната банка на Република Македонија и правните лица регистрирани за вршење банкарски работи согласно Законот за Народната банка на Република Македонија и Законот за банките имаат физичко и техничко обезбедување на објектите, околниот простор и на транспортот на пари и вредности.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Овластувањата на лицата кои вршат приватно обезбедување

Препорачуваме

Партнери на Правдико