Правнилник за внатрешен ред во Собранието – Строги правила, но само на хартија?! | Правдико

Правдико

   

Правнилник за внатрешен ред во Собранието – Строги правила, но само на хартија?!

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 27 април, крвавиот четврток, прекршени се серија членови од Правилникот за внатрешниот ред во Собранието, како и од Упатството за негово спроведување, како подзаконски акти, кои со последните измени се донесени на 21 ноември 2011 година, а потпишани од поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјаноски.

Членот 4 од Правилникот за внатрешен ред предвидува дека за организирањето и спроведувањето на мерките на внатрешниот ред, одговорен е генералниот секретар на Собранието, во случајов Жарко Денковски.

Според членот 5 од Правилникот за внатрешен ред на Собранието, право на влез во зградата на Законодавниот дом имаат пратениците, функционерите, државните службеници, лицата со посебни овластувања и одговорости, вработените, членовите и службениците на Владата, како и новинари, фоторепортери и сниматели акредитирани од Собранието. Во Собранието без претходна може да влезат и лица поканети од претседателот, потпреседателите, претседателите на работните тела и лица со поканети за присуство на свечени приеми, но тие мора да се пријават на пријавницата кај обезбедувањето која е под надлежност на МВР.

 

СТРОГИ ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ – САМО НА ХАРТИЈА?!

Членот 2, од Упатството за спроведување за внатрешниот ред на Собранието, предвидува дека зградата на Собранието располага со четири влезови, плус еден влез за во гаражите кој е наменет за службените возила на високите структури во државата. Но, влезот е дозволен само на лица со дневна, постојана или привремена пропусница, а сите лица при влегувањето во зградата по барање на работникот на Службата за обезбедување се должни да се легитимираат. Пропусниците ги издава Секторот за стручни и административни работи.

Протоколот на Собранието има строги правила за користење на влезовите од зградата. Главниот влез го користат претседателот на државата, Собранието и Владата, како и поканети гости за време на државно-протоколарни активности, приеми и други поводи и настани. Пратениците во Собранието и членовите на Владата, но и лица повикани од Собранието и работните тела ги користат влезовите 1 (пријавница), 2 (службен влез) и 4 (влез исток-Винар). Вработените во Собранието, како и оние во Владата сместени во зградата на Собранието го користат само службениот влез (2). Новинарите, пак, кои се акредитирани може да влегуваат и излегуваат низ вториот и четвртиот влез, кои ги користат пратениците и службениците. Странките кои доаѓаат службено или по работа во Собранието го користат првиот влез, односно влезот со пријавница.

Вработените во обезбедувањето  секогаш се информирани во која просторија се одржуваат седниците на Собранието, а со тоа добиваат и список на лица кои се поканети на седницата.

Членот 13 вели дека примањето странки во зградата на Собранието се врши само во текот на редовното работно време. Исто така, вработените во Службата на Собранието можат да примаат странки доколку за тоа ги овласти генералниот секретар на Собранието. Според член 15, странката која нема доказ за својот идентитет не може да влезе во зградата на Собранието. Протоколарно, странките кои бараат прием кај пратениците, техничките секретари ги известува лицата кои се овластени за прием на странки и постапува според нивни упаства.

ДЕМОНСТРАНТИ МОЖАТ ДА ПОБАРААТ КОНСУЛТАЦИИ ВО СОБРАНИЕТО

Членот 17 предвидува странките, кои се овластени претставници на лица кои одржуваат јавен протест, пред Собранието на денот на одржувањето на седницата на Собранието, можат да побараат прием кај координатор на пратеничка група, но само за консултации. Координаторот може да прими најмногу до тројца овластени претставници кои протестираат. Претставниците на демонстрантите на пријавница пополнуваат писмен образец за прием, а во истиот ги наведуваат податоците содржани во нивните исправи за идентификација. Истото барање се доставува до координаторот на пратеничката група кај кој се бара прием и доколку истиот оцени дека ќе ги прими овластени претставници, го пополнува образецот за прием на лицата кои протестираат пред Собранието на денот на одржувањето на седницата, а потоа истиот документ се доставува до генералниот секретар. Овластените претставници кои протестираат, според внатрешниот правилник, можат да бидат примени само во неговата работна просторија.

ВНЕСУВАЊЕ ОГНЕНО ОРУЖЈЕ

Членот 3 од Упатството за спроведување на Правилникот за внатрешен ред, во зградата на Собранието е забрането внесување огнено или друг вид оружје, но постојат исклучоци. Имено, работниците на Посебната служба надлежна за обезбедување на Собранието, работниците кои се лично обезбедување на претседателот на државата, Собранието, Владата, но и работниците од личното обезбедување на министрите на кои со одлука на Владата им е доделено лично обезбедување.

Доколку пратениците со себе носат огнено оружје, должни се истото да го пријават при влез во Собранието и да им го предадат на работниците од обезбедувањето, а истото го подигнуваат при излез од Собранието.

Дел од медиумите објавија непотврдени информации според кои, обезбедувањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, употребило огнено оружје. Но, според видеоснимките кои ги објавија медиумите, може да се забележи дека огнено оружје во рацете има само обезбедувањето на поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, издадено со дозвола од МВР.

Од друга страна, останува отворено прашањето дали потфрлила безбедносната служба во Собранието бидејќи, како што тврдат дел од оштетените пратении, некои од демонстрантите кои влегоа во Собранието со себе носеа огнено оружје.

Кристијан Ландов

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико