Правниот факултет “Јустинијан Први” во финалето на меѓународниот натпревар по деловно право Big Deal | Правдико

Правдико

   

Правниот факултет “Јустинијан Први” во финалето на меѓународниот натпревар по деловно право Big Deal

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

praven-fakultet-skopje-logoМинатата недела, тим од студенти од Правниот Факултет “Јустинијан Први” се пласираше во финалето на меѓународниот натпревар по деловно право Big Deal којшто се одржа во просториите на адвокатското друштво Šavorić & Partners во Загреб, Република Хрватска. На натпреварот учествуваа адвокати, професори, асистенти и студенти од правни факултети во Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија.

Натпреварот Big Deal е организиран од страна на регионалната мрежа на адвокатски канцеларии Top-tier legal Adriatic и се состои од симулација на трансакции коишто претходат на статусни промени и преземања на трговски друштва (Merger & Acquisition). Почнувајќи од Мај, студентите со своите ментори од адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески, Келешоска и од Правниот факултет “Јустинијан Први” работеа на документирање на замислено трговско big-deal-tlaдруштво, правна анализа на преземање (legal due diligence), изработка на извештај за правната анализа (due diligence report) и изготвување на договор за пренос на удел (shareholder purchase agreement).

Емилија Келешоска Шољаковска, еден од основачите на адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески, Келешоска, ја објасни улогата на натпреварот Big Deal во едукацијата на младите правници: Овој натпревар им овозможува на најдобрите студенти од регионот да учат непосредно од искусни адвокати и да се стекнат со уникатни вештини и практично искуство од областа на деловното право. Студентите се соочени со реалистична симулација на професионалните предизвици со коишто се среќаваме во нашата секојдневна работа.

ddk-logoЧетрите најуспешни тимови од правните факултети во Белград, Загреб, Љубљана и Скопје се изборија за место во финалето коешто ќе се оддржи во средината на Декември. На студентите од Правниот факултет “Јустинијан Први” и на менторите им посакуваме успех во финалето.

На натпреварот Република Македонија ја претставуваа студентите: Ванче Камчев, Васка Бојаџи, Вилдан Дрпљанин и Сара Кајевиќ. Студентите работеа под менторството на Емилија Келешоска Шољаковска и Ана Хаџиева Ангеловска од адвокатското друштво Дебарлиев Дамески и Келешоска, како и менторството на доц. д-р Биљана Петревска, м-р Катерина Жатева и м-р Петар Димитров од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Препорачуваме

Партнери на Правдико