Правниот факултет се враќа во Битола | Правдико

Правдико

   

Правниот факултет се враќа во Битола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Наскоро во Собранието на РМ ќе биде поднесен предлог-закон со кој ќе се бара промена на седиштето на Правниот факултет од Кичево во Битола, најави денеска пратеникот Александар Кирацовски.

Тој беше дел од трибината на Правниот факултет во Битола на која се разговараше токму на оваа тема „Правниот факултет меѓу традицијата и современите предизвици“. Како што рече Кирацовски, како и сите високообразовни институции така и Правиот факултет во Битола има свои предизвици, но најбитни се оние преку кои овој факултет, генерално и универзитетот, може да обезбеди трајност, одржливост и свој квалитет.

– Токму затоа јас како пратеник, во Собранието најскоро ќе поднесам предлог закон со којшто ќе барам промена и поддршка од колегите пратеници за промена на седиштето на факултетот, наместо да биде во Кичево, да биде во Битола. Но тоа не значи дека факултетот во Кичево и Струга ќе бидат укинати, напротив. Ќе се зголеми квалитетот во истите, од тие факултети ќе можат своите искуства да ги надоградуваат тука во Битола каде всушност ќе биде седиштето. Тоа е и за добро на факултет, универзитетот и на студентите, изјави Александар Кирацовски, пратеник во Собранието.

Возбновувањето на овој факултет е од големо значење за Универзитетот „Свети Климент Охридски“, бидејќи токму Правниот факултет кој функционирал до 1987 година бил еден од основачите на УКЛО.

– Она што не учи минатото да видиме кои се предизвиците за Правниот факултет и да го поставиме на вистинските насоки за да добиеме еден функцонален факултет кој ќе биде еден од столбовите на нашиот универзитет. Правниот факултет претходно е еден основачите на УКЛО, и не е тоа случајно, затоа што правните факултети на било кој универзитет вообичаено се столбовите на тие универзитети. Денешното предавање, на некој начин поврзано и со 10 години од реосновањето на Правниот факултет е за да видиме од една временска дистанца, не само на овој Правен факултет туку и на оној кој бил основан во 1970 година, што се случувало и кои се неговите перспективи за развој, изјави проф.д-р Сашо Коруновски, ректор на УКЛО.

Овај нстан како што рече деканот на Правниот факултет го организирале со цел да го апострофираат значењето на Правниот факултет во рамки на Битолскиот Универзитет.

– Ова трибина ка организираме за да го апострофираме значењето на Правниот факултет во рамккте на УКЛО, факултет со огромно општествено значење, заради неговот кадровски потенцијал, образовни перспективи. Ние сме во процес на сондажа, соочени сме со одредени недостатоци кои ни претставуваат пречка во понатамошниот развој. Земајќи го предвид потенцијалот со кој располага самиот факултет, неговото лоцирање во Битола како регионален центар, секако како центар кој заслужува и му следува да има Правен факултет, изјави проф.д-р Горан Илиќ, декан на Правниот факултет при УКЛО.

Покрај наставниот и соработничкиот кадар на Правниот факултет и студентите, гости на настанот беа и претатвници од Основниот и Апелациониот суд во Битола, Основното и Вишото Јавно Обвинителство во Битола, канцеларијата на Народниот правобранител и Државниот правобранител на РМ, како и адвокати од Битола.

Извор: Тера.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико