Правдико

   

Правниот факултет во Битола ќе го одржи првото онлајн предавање

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СООПШТЕНИЕ ДО СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА НА ПФК БИТОЛА ЗА ОДДРЖУВАЊЕ НА ПРВО ON-LINE ПРЕДАВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТОТ УСТАВНО ПРАВО

Почитувани студентки и студенти,

Земајќи ја во предвид актуелната ситуација со #COVID19, но во исто време и значењето на наставно-образовниот процес, Ве известувам дека на ден 18.03.2020 (среда) со почеток во 10.00 часот (како што е предвидено и со официјалниот распоред) ќе се одржи првото on-line предавање на Правниот факултет – Кичево, дисперзирани студии во Битола по предметот УСТАВНО ПРАВО.

Предавањето ќе се реализира преку соодветна on-line платформа, за која студентите на своите email адреси ќе добијат детални информации за начинот на пристап до on-line курсот. Пристап до курсот ќе добијат само студентите од прва година на ПФК Битола, кои го слушаат предметот Уставно право кај Проф. д-р Горан Илиќ.

И покрај сериозноста на ситуацијата во врска со #COVID19 и сите мерки кои се преземаат за негово неутрализирање и ерадикација, неопходно е да го исполниме нашето време корисно и квалитетно, и тоа преку искористување на можностите кои ни ги нудат современите технологии во функција на наставно-образовниот процес и подигнувањето на нивото на знаење.

Како Декан на Правниот факултет, ќе направам координација со членовите на деканатската управа и наставниците / соработниците на Факултетот, со цел изнаоѓање на адекватно и генерално решение за спроведување на наставно-образовниот процес по електронски пат, за периодот додека траат посебните мерки и активности поврзани со #COVID19.

P.S. Подгответе ги вашите компјутери, паметни телефони, обезбедете стабилна интернет врска и да се обидеме да го направиме првиот чекор – заедно!

НАПОМЕНА: Со цел подготовка на техничките предуслови за одржувањето на on-line предавањето, заклучно со 17.03.2020 (вторник), студентите се должни да ги достават своите валидни email адреси на email адресата на предметниот професор: goran.ilik@uklo.edu.mk

„Во средината на секоја потешкотија лежи можност.“ – Алберт Ајнштајн

ДЕКАН

Проф. д-р Горан Илиќ, с.р.

Партнери на Правдико