Право на дополнително неплатено родителско отсутсво – предлог измени | Правдико

Правдико

   

Право на дополнително неплатено родителско отсутсво – предлог измени

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

majkaСо Законот за работните односи пропишано е правото на  отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство. Согласно член 165, предвидено e дека мајката има право на отсуство во траење од девет месеци, од кои  задолжтелно се користат 28 дена пред раѓањето.  Доколку мајката  роди повеќе од едно дете во исто време,  отсуството трае 12 месеци. Правата во врска со породилното отсуство се уредуваат со Законот за работните односи, како права од работниот однос, а само висината на правото на надоместок за време на породилното отсуство е уредено со Законот за здравственото осигурување. Родителското отсуство кај земјите од ЕУ се разликува по должина, дали е индивидуално или семејно право,  по плаќањето и флексибилноста. Родителското отсуство не треба да се поистоветува со правото по основ на раѓање и мајчинство, кое е задолжително и платено отсуство.

Со измената и дополнувањето се воведува ново, дополнително право на неплатено родителско отсуство, со кое е предвидено работничката да го користи по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, до  три месеци, во периодот до навршување на три годишна возраст на детето заради  грижа за  детето.

Утврдување на неплатено родителско отсуство по завршување на отсуството поради бременост, раѓање и родителство  е дополнително право кое се предвидува со цел да се учествува во негата и одгледувањето на детето до одредена возраст.

Препорачуваме

Партнери на Правдико