Право на паричен надоместок во случај на невработеност
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.( Обновено 24.03.2020) Секој работник додека е во работен однос, задолжително е осигуран во случај на невработеност. Истота така во случај на невработеност може да се осигуруваат и брачните другари на државјаните на Република Македонија на работа во друга држава, а кои биле во работен однос пред заминувањето во странство.
Права кои произлегуваат од овој тип на осигурување се:
1) паричен надоместок;
2)подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација);
3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита;
4) право на пензиско и инвалидско осигурување во согласност со прописите за пензиското и инвалидското осигурување на невработеното лице корисник на паричен надоместок на кое му недостасуваат најмногу до 18 месеци пред исполнување на услови за стекнување право на старосна пензија, а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на 15 години стаж на осигурување;
5) права на инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон.
Право на паричен надоместок
Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.
Право на паричен надоместок има невработено лице за времето поминато во работен однос, за кое се уплатувани придонеси од задолжително социјално осигурување и тоа:
– во работен однос со полно работно време;
– во работен однос со неполно работно време, пресметано во полно работно време;
– во работен однос на определено време (сезонска работа) подолго од 40 часа во неделата, ако тоа време му е пресметано во работен стаж и
– за работа во странство.
Право на паричен надоместок не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради:
– давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак;
– спогодбено престанување на работниот однос;
– остварува права од работен однос спротивно на закон;
– престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај;
– неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година;
– престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавач за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа;
– одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон;
– одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавач во согласност со закон;
– одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавач, што му се обезбедува во согласност со закон;
– губење на работната способност согласно со прописите за пензиското и инвалидското осигурување и
– исполнување услови за остварување право на пензија.
Продолжува на страна 2