Право на заштита на жртвите од семејно насилство | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Право на заштита на жртвите од семејно насилство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

semejno-nasilstvoСогласно законската регулатива, Република Македонија обезбедува посебна заштита на семејството, мајчинството,  децата, малолетните лица, децата без родители и без родителска грижа, како и на други лица кои ќе се најдат во некој социјален ризик. Законските акти обезбедуваат и заштита од семејно насилство, при што се забранува секаков вид на насилство во бракот и семејството, меѓу членовите на семејството, без оглед на пол и возраст.

Со регулирањето на семејното насилство во позитивното законодавство на РМ. во 2004 година, како и со дополнувања на Законот во 2006 и во 2008 година, (со што се постигнува хармонизирање со меѓународните стандарди и усогласување со кривичните прописи),Македонија се вброи во редот на државите кои покрај задолжителното давање соодветна заштита на жртвата на семејно насилство (мерки за заштита), воведе и комплементарна правна заштита на жртвите на семејното насилство (казненоправен и граѓанско-правен систем).

Со Законот за семејството се забранува секаков вид на насилство меѓу членовите на семејството, без оглед на пол и возраст. Под семејно насилство се подразбира малтретирање,  навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема:   брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство,   поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во блиски лични односи, вклучувајќи ги односите кои настануваат со посвојувањето и старателството,   браќа и сестри, полубраќа и полусестри,  постарите членови во семејството или заедничкото домаќинство и лица – членови на семејството или заедничкото домаќинство чија деловна способност е делумно или целосно одземена.

Под блиски лични односи во смисла на овој закон се подразбираат лични односи помеѓу лица од различен пол кои се или биле во партнерски односи, а не живеат во вонбрачна заедница.  Центарот за социјална работа секогаш кога има сознание дека над лице е сторено семејно насилство, сам или на барање на лицето или член на неговото семејство презема мерки на заштита на жртвата на семејно насилство. Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека постои семејно насилство ги презема следниве мерки на заштита:

  • обезбедува нужно сместување за лицето – жртва на насилство, кое може да трае најмногу шест месеца со можност за продолжување за уште шест месеца;
  • обезбедува соодветна здравствена заштита;
  •  обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман;
  •  ги упатува во соодветно советувалиште;
  •  доколку во семејството има дете кое е на редовно школување, помага за продолжување на редовното образование;
  •  го известува органот за прогон;
  •  дава секаков вид на правна помош и застапување;
  •  покренува постапки пред надлежниот суд и презема мерки кои произлегуваат од односите помеѓу родители и деца;
  •  по потреба поднесува барање до судот за изречување на привремена мерка за заштита и
  • презема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за решавање на проблемот.

Во спроведување на заштитните мерки центарот за социјална работа соработува со граѓани, правни лица и организации. Следуваат податоците со кои располага ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје (од податоци кои центрите за социјална работа ги доставуваат до Заводот како законска обврска за обработка на евиденцијата што ја водат установите за социјална заштита).   Во првата половина на 2006 год. имало 439 регистрирани жртви на семејно насилство, од кои 71% се жени, 29% се мажи.   Во 2008 год. имало 300 регистрирани жртви на семејно насилство, од кои 81% се жени, 19% се мажи.

Земајќи ги предвид податоците за бројот на жени – жртви на семејно насилство, најчесто семејното насилство се идентификува со насилство врз жената и тоа психичко, физичко, сексуално, материјално. Мерките и активностите кои ги преземаат сите носители на заштитата на жртви на семејно насилство се во корелација со унапредувањето на родовата рамноправност и еднаквите можности на мажите и жените.  Семејното насилство е манифестација на историска нерамноправност во дистрибуцијата на моќта межу жените и мажите, и токму поради тоа жените најчесто се соочуваат со овој социјален ризик.

Важна улога во настанувањето и одржувањето на семејното насилство има општествениот контекст. Едно истражување во Холандија покажало дека, мажите се најчесто се сторители на семејно насилство поради неколку причини:

  •  начинот на кој тие го сфаќаат поимот род, и сметаат дека за решавање на нивните проблеми не им треба помош,
  •  машката агресивност е оправдана бидејќи е резултат на голема напнатост,
  •  мажот е „газда“ во куќата, и може да си дозволи да биде насилен за да воспостави моќ над жената,
  •  преку насилството ја кријат својата ранливост,
  •  поради економската зависност од мажот, жената не може да изгради сопствени граници

Насилството не е резултат на случајни, поединечни дела на злоупотреба, туку е длабоко вкоренето во структурните односи на нееднаквост помеѓу мажите и жените и во нерамноправната поделба на моќ на одлучување.  Размислувајќи за родовите аспекти на семејното насилство, може во работата со жртвите на семејно насилство, да се дискутира за следниве прашања:

  •  каква е балансираноста на моќта и другите релации меѓу жртвата и сторителот во нивниот дом?
  •  дали жртвата е економски независна од сторителот?
  •  каква е перспективата на жртвата на семејно наслиство за излез од кругот на семејството?
  •  на кои теми од секојдневниот живот, сторителот и жртвата немаат исто мислење?
  •  како досега ги решавале проблемите?
  •  дали некогаш разговарале за причините за насилството?
  •  кој најчесто ја презема иницијативата и кој повеќе се плаши?
  •  ако жртвата пријавува насилство кое трае одредено време, прашајте ја зошто баш тогаш пријавува?
  •  дали жртвата има чувство на сигурност во Вашиот однос?
  •   прашате ја од кого има или очекува да има поддршка?
  •  разговарајте за одлуката: да замине или да остане?
  • дали заедно со жртвата можете да ја процените можната  ако жртвата сепак одлучи да се врати дома, дали ќе најдете заеднички начин за редовно информирање за нејзината состојба?
  •  прашајте ја жртвата дали би зборувала за семејното насилство во присуство на сторителот?
  •  добро е да се знае што досега жртвата има сторено за својата безбедност и за безбедноста на своите деца (доколку ги има)?
  •  разговарајте за планот што да се стори ако повторно биде изложена на семејно насилство?

Семејството како милје во кое се јавува и одржува семејното насилство е општествена група која функционира како систем. Во него е дефинирана улогата и положбата на секој негов член, а нивната содржина во голема мера е определена од културата во заедницата, која генерациски се пренесува по пат на социјализација. Затоа, кога се зборува за насилство врз жената, многу објаснувања и одговори можат да се обезбедат ако проблемот се посматра од аспект на положбата на жената во општеството. Ова од причина што суштинската позиција на жената на макро и микро план, во голема мера, го дефинира нивото на нејзината заштита, но и можностите за дискриминација како пандан на тоа ниво.

Нерамноправноста на жената во бракот и семејството,  извира од патријархалната структура во општеството. Активната улога на мажот во општеството му обезбедува концентрација на моќ и власт на микро план, особено во рамките на семејството.  Така се јавува и сопственичкиот однос кон жената, во кој ниту насилството не е исклучено како регулатор на послушност1.  Работата со жртвите и сторителите на семејно насилство е многу погодна за советодавна и/или советувалишна работа.  Соочувањето со жртвите и сторителите предизвикува бројни емоции кон двата пола, при што можат да се јават и одредени проблеми:

  •  преголема емпатија за однесувањето на жртвите и сторителите,
  •  непоттикнување сами да преземат одговорност: сторителот за насилството, а жртвата за својата сигурност,
  •  огромна осуда за сторителот и/или силно поврзување сожртвата,
  •  насочување кон готово решение или поттикнување нажртвата и сторителот за чекор за кој се уште не се.

Многу е важно да се има активен пристап во работата со сторителите на семејното насилство, бидејќи тие самоиницијативно не доаѓаат, или ретко доаѓаат во ЦСР. Во работата со нив, многу е значајно да се мотивираат да преземат одговорност за своето насилно однесување и да им се помогне тоа да го надминат. Цитираме неколку прашања препорачливи во рабо тата со сторителите на семејно насилство:

  •  како сторителот ја доживува жртвата и нивниот меѓусебен однос?
  •  како сторителот се доживува себе си, во и вон насилничкиот однос?
  •  зошто според негово мислење дошло до насилството?
  •  што сакал да постигне со насилството?
  •  кој бил резултатот од насилството и дали е задоволен со тоа?
  •  какво е неговото минато, има ли нешто што би можело да биде причина за неговото насилничко однесување. Ако да,  како тој го доживува тоа?
  •  дали е под стрес поради некои други работи кои се надвор од односот со жртвата?
  •  дали има мотивација да го надмине своето однесување21?

Треба да запаметиме дека семејното насилство е еден од главните механизми за одржување на нерамноправноста меѓу половите. Затоа препорачуваме да се анализира политичкиот контекст бидејќи остварувањето на правата на жените е тесно поврзано со демократскиот развој на секое општество. За демократија и за почитување на човековите права не може да се зборува доколку не постојат исти права, можности и одговорности за двата пола.

Извор: http://zsd.gov.mk

Поврзани статии:

– Водич за привремени мерки за заштита од семејно насилство

– Анализа на постапувањето на судовите при изрекување на привремените мерки за заштита од семејно насилство

– Пријави семејно насилство

– Практикум за обука на професионалци кои постапуваат во случаи на семејно насилство и насилство врз жена

– Водич за психолошка помош и поддршка на жртвите на семејно насилство

– Убиство при вршење на семејно насилство

– Правното уредување на семејното насилство во Р. Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико