Правосудството се адаптира на прогласената кризна состојба во Дебар и Центар Жупа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По донесената одлука за прогласување кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, Министерството за правда ги извести за донесената одлука претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, и јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Во рок од 24 часа треба да се издаде акциски план за постапување кој ќе треба да се има предвид при носењето одлуки поврзани со работата на судовите и обвинителствата кои постапуваат на териториите на коишто е прогласена кризна состојба.
„Остануваме во постојана комуникација и очекуваме Судскиот совет и Јавното обвинителство до почетокот на работната недела да испратат конкретни напатствија за постапување на судовите и јавните обвинителства со надлежност над овие општини“, стои во соопштението на Министерството за правда.
Од таму потсетуваат дека сите други институции во сферата на правосудството треба доследно да се придржуваат до сите задолженија, препораки и одлуки на Министерството за здравство и Владата.
Извор: Макфакс