Правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице има лице над 26-годишна возраст, со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа што не може само да ги задоволува основните животни потреби, доколку ова право не може да го оствари врз основа на други прописи.Право на паричен надоместок може да оствари лице чиј годишен нето приход по сите основи изнесува најмногу до вкупниот годишен износ напросечни нето месечни плати исплатени за секој месец за претходната година.
Центарот врши задолжителен увид во домот на подносителот на барањето заради утврдување на фактичката состојба и изготвува записник за основаноста на барањето за остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, кој има влијание врз остварувањето на правото.
Висината на паричниот надоместок за помош и нега од друго лице се утврдува во зависност од обемот на потребата за помош и нега од друго лице.
Потреба од помош и нега од друго лице во поголем обем има лице со тешки и длабоки пречки во менталниот развој, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, поради што не може само да ги задоволува основните животни потреби, не може ниту со помош на ортопедски помагала самостојно да се движи во станот или надвор од станот, самостојно да се храни, облекува, да ја одржува личната хигиена, ниту да ги обавува основните физиолошки потреби.
Потреба од помош и нега од друго лице во помал обем има лице со умерени пречки во менталниот развој и лице кое поради трајни промени во здравствената состојба не може без помош од друго лице во потполност да ги задоволува основните животни потреби.
Потреба од помош и нега од друго лице има и лице кое поради привремени промени во здравствената состојба без помош на ортопедски помагала не може да ги задоволи основните животни потреби.
При утврдување на обемот на потребата за помош и нега од друго лице се зема во предвид и бартеловиот индекс, кој е составен дел на мислењето издадено од матичниот лекар на подносителот на барањето.
Висината на паричниот надоместок за помош и нега од друго лице во поголем обем изнесува 4.185 денари, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.
Висината на паричниот надоместок за помош и нега од друго лице во помал обем изнесува 3.702 денари, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.
Правото на паричниот надоместок за помош и нега од друго лице мирува за време додека лицето е згрижено подолго од 30 дена во здравствена или друга установа, со решение на центарот. Потребата за помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење, ја утврдува стручна комисија која може да биде при јавна установа која во рамките на својата дејност третира проблеми од областа на психофизичкиот развој на лица со одреден вид на попреченост или во друго правно лице.
Право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, по исклучок, има лице над 26 години возраст со тешки и длабоки пречки во менталниот развој, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, како и потполно слепо лице чиј вид и степен на попреченост е утврдена со наод, оценка и мислење на стручен орган.
За потребата за помош и нега од друго лице се доставува конзилијарно мислење и наод од најмалку тројца лекари специјалисти од содветни специјалности, издадено од клиничките болници, Градска општа болница „8 ми Септември“-Скопје, ЈЗУ- Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“-Скопје и Универзитетски клиники.
Центарот за социјална работа е должен да го извести корисникот за потребата од повторен преглед два месеца пред истекот на рокот определен за повторна оцена за утврдување на потребата од помош и нега од друго лице. Ако корисникот или неговиот старател неоправдано не се јави во рокот
определен за повторна оцена за утврдување на потребата од помош и нега од друго лице, правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице му
престанува.
–ПРАВДИКО–
Поврзани статии:
– Постапка за остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице