Правото на штрајк кај здраствените работници | Правдико

Правдико

   

Правото на штрајк кај здраствените работници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

wwwqПравото на штрајк е гарантирано со Уставот на Република Македонија (член 38).
Правото на штрајк е пропишано и со Законот за работни односи (член 236).

Посебните услови под кои здравствените работници може да го реализираат своето право на штрајк ги регулира Законот за здравствена заштита ­ „работниците во здравствените организации правото на штрајк можат да го остварат под услови да не се доведува во опасност животот и здравјето на граѓаните кои бараат здравствена заштита“ (член 171­а).

„Заради отстранување на штетните последици кои можат да настанат од неукажување на здравствена заштита на граѓаните за време на штрајк, органот на управување во здравствената организација е должен да обезбеди итна медицинска помош и минимална функција на сите организациски делови во процесот на работата. 

Врз основа на преземените мерки работниците се должни да постапуваат по соодветните наредби.

Доколку работниците не постапат по соодветните наредби, директорот е должен да го обезбеди остварувањето на работниот процес со заменување на соодветни работници.

Работниците кои не ги извршуваат работните обврски вршат потешка повреда на работната дисциплина која претставува основа за престанок на работниот однос. Работите и задачите заради отстранување на штетните последици кои можат да настанат од неукажување на здравствена заштита на граѓаните за време на штрајк, со општ акт ги утврдува здравствената организација“ (член 171­б).

Дополнителни прописи

Во смисла на соодветна примена на овие одредби од аспект на функционирање  на здравствената заштита во услови на штрајк, значајна е функцијата на Државниот  санитарен  и  здравствен  инспекторат.  Според Законот  за  санитарна  и здравствена инспекција, „санитарната и здравствената инспекција опфаќаат  инспекциски надзор над спроведувањето на законите и другите прописи донесени врз основа на законите од областа на санитарно­хигиенската, епидемиолошката и на здравствената заштита на населението, здравственото осигурување и евиденциите во областа на здравството. Инспекцискиот надзор ги опфаќа просторот, објектите, просториите, уредите и опремата, дејностите и лицата кои вршат здравствена дејност, како и лицата кои на кој било начин можат штетно да влијаат врз здравјето на луѓето“ (член 2).

 

Извор: http://www.healthrights.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико