Правото на штрајк како уставно загарантирано право | Правдико

Правдико

   

Правото на штрајк како уставно загарантирано право

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Правото на штрајк претставува уставно загарантирано демократско право, кое работникот го остварува преку организиран прекин на работата, заради остварување на своите права и интереси од работен однос.

strajk-prosvetara_660x330

Правото на штрајк е утврдено со Уставот на РМ, Законот за работни односи, како и со посебни закони, кои предвидуваат норми за ограничување на условите за остварување на штрајк.

Синдикатот и неговите здруженија на повисоко ниво имаат право да повикаат на штрајк и да го поведат со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови од работниот однос, во согласност со закон. Штрајкот претходно мора  писмено да  се  најави  на  работодавачот,  односно здружението  на работодавачите  против  кои  е  насочен,  а  штрајкот  на солидарност на работодавачот кај кого тој штрајк се организира. Штрајкот не смее да започне пред завршување на постапката за помирување,  кога таква постапка е предвидена со овој закон, односно пред спроведувањето на друга постапка за мирно решавање на спорот за која страните се договориле.

Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да се наведат причините за  штрајкот,  местото  на  одржувањето  на  штрајкот, времетраењето и денот и времето на почетокот на штрајкот. Исто така штрајкот мора да биде организиран на  начин со кој нема да се оневозможува или попречува организирањето и одвивањето на работниот процес за работниците кои не учествуваат во штрајкот, забрана на влез на работниците и на одговорните лица во деловните простории на работодавачот.

Постојат неколку видов на штрајк и тоа:

– Генерален Штрајк – штрајк на ниво на гранка,

– Делумен штрајк – штрајк, организиран на ниво на работодавач или организациона единица на работодавачот,

– Спонтан штрајк – штрајк без посебни претходни подготовки, за којшто одлука донесуваат мнозинството работници кај работодавачот и

– Солидарен штрајк – штрајк со кој работниците од еден работодавач се солидаризираат со работниците што штрајкуваат кај друг работодавач

Штрајкот на солидарност може да започне без спроведување на постапка за помирување, но не пред истекот на два дена од денот на почетокот на штрајкот за чија поддршка се организираај работодавачот кај кого штрајкот се организира.

Последици од организирањето и учеството во штрајк

Организирањето или учеството во штрајк организиран во согласност со одредбите од ЗРО  и колективен договор, не претставува повреда на договорот за вработување.

Работникот не смее да биде ставен во понеповолна положба од другите работници поради организирање или учество во штрајк, организиран во согласност со одредбите на закон и колективен договор.

На работникот може да му се даде отказ само ако организирал или учествувал  во  штрајк кој  не е организиран  во согласност со закон  и колективен договор или ако за време на штрајкот направил некоја друга тешка повреда на договорот за вработување.

Работникот не смее на кој било начин да биде присилен да учествува во штрајкот.

На работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите, а организаторот на штрајкот може од свои средства да им обезбеди надоместок на нето плата за времето на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Штрајк: искуства и состојби

– Правото на штрајк кај здраствените работници

– Недела на протести и штрајкови во Македонија

– Адвокатите од Србија после 4 месеци штрајк се враќаат на работа – исполнети се сите барања

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико