Правдико

   

Празнична честитика од КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Почитувани читатели,

Како најголем работодавач во Македонија и како компанија која во изминатиот период постигна многу на сите полиња, вклучувајќи го и моментот на вработување на најголематабројка на вработени – моменталните 6562, би сакале да се обратиме кон Вас, нашата  верна публика која будно ги следи сите случувања поврзани со компанијата, од огласи за вработување до сите новости за активностите кои ги правиме.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ!

Свесни сме за сите позитивни и негативни коментари кои се вртеа околу КШМК, за сите невистини и сите „иновативни и измислени“ факти кои во секој случај придонесоа за популарноста на нашата компанија.

Верувајте знаеме дека не е лесно да се постигнат сите зацртани цели, знаеме дека сѐ она што го правиме прво подлежи на критика и осудување, но верувајте дека нема подобро чувство на задоволство и исполнетост кога гледаме дека сите наши активности вродиле со плод. Уште поголемо задоволство е кога гледаме дека и другите компании, без разлика дали се приватни или државни, па дури и некои од државните органи ги спроведуваат нашите идеи. Во англискиот речник има еден поим кој се вика “trendsetter” чие значење е: личност, компанија, организација и сл. која прави нешто ново кое другите после го копираат. И сето тоа не предизвикува вообразеност или занес кај нас, туку гордост бидејќи ги водиме и другите кон нешто подобро, позрело и пред сѐ по-човечно.

Од самиот почеток проектот за КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ беше гледан со скептицизам, како уште една приватна компанија која нема шанси да успее во Македонија и тоа под раководство на „неквалификувани“ македонски менаџери. Можеби тоа беше поради фактот што народот беше навикнат да слуша само празни ветувања и да биде изигран од работодавачите, но се случи. Во овие скоро 7 години постоење ги поместивме границите на возможното, ја донесовме Македонија поблиску до круговите на Mercedes, BMW и Audi, станавме глобално препознатливи како земја која има квалитетни луѓе кои можат да дадат квалитетен придонес за вакви гиганти.

Не сме политичка партија, но едноставно чувствуваме потреба да го направиме ова обраќање кон Вас, сите наши вработени, сите жители на пелагонискиот регион и пошироко и сите оние чие внимание е насочено кон КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ. Можеме да ветиме дека ние и понатаму ќе продолжиме со нашата работа, ќе придонесуваме за подобар живот и ќе бидеме најголеми и најдобри како во Македонија така и во цела групација.

И за крај, сакаме да Ви ги честитаме новогодишните празници кои следуваат, да Ви посакаме многу среќа, здравје и љубов. Сите убави моменти да си ги дочекате во кругот на најблиските и најсаканите и да ја започнете Новата 2019-та со нови сили и да ги остварите сите желби кои ги имате посакано!

Со почит,
Менаџерски тим на КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола

Партнери на Правдико