Пред одмор проверете: Во кои земји важи здравственото осигурување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.За време на вашето летување ако имате сообраќајна несреќа, алергија, труење со храна, забоболка или било каков здравствен проблем бесплатно може да се лекувате во 15 држави. Со овие земји Македонија има склучено договор за социјално осигурување.
За итна интервенција ова право може да се искористи во Црна Гора, Бугарија и Турција, Германија. Австрија, Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија, но не и во Грција и Албанија. Со овие две соседни држави каде Македонците се најчести туристи Фондот нема договор.
За да се добие неопходна медицинска услуга во странство на товар на државата пред да тргнете на пат потребено е да имате двојазичен образец, потврда од матичниот лекар и дополнително од гинеколог за жените како и мислење од лекарска комисија на Фондот дека осигурениците се здрави. Обрасците се вадат во подрачните служби на ФЗОМ истиот ден кога се приложуваат и потврдите. Сите докумненти се бесплатни.
Двојазичните обрасци во странство важат само за лекување во државни болници и амбуланти. По враќањето Фондот ги рефондира парите на осигурениците.
Од 2013 година Фондот ја покрива и референтната цена за дијализата во странство.
Извор: еМагазин