Пред пратениците законите за минималната плата, стечајците, радиодифузната такса, огласот за јавен обвинител | Правдико

Правдико

   

Пред пратениците законите за минималната плата, стечајците, радиодифузната такса, огласот за јавен обвинител

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието денеска треба да ја започне 12 седница на која на дневен ред се повеќе одлуки и закони, меѓу кои Предлогот за огласување на именување на Јавен обвинител и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието.

На оваа седница на дневен ред е и Предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието која ја предложи парламентарниот спикер Талат Џафери и со неа се предвидува Парламентот наместо три како досега да има петмина потпретседатели.

Пратениците на 12 седница ќе се изјаснат и за пакетот закони по скратена постапка кои ги поднесоа пратениците од владејачкото мнозинство, а кои ги вклучуваат измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, Предлог на закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата и измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико