Правдико

   

Предизборни рокови: Што сè нè чека до гласањето на 11 декември?

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двапати одложуваните предвремени парламентарни избори, овојпат ќе бидат закажани на 11 декември.

protesti-abolicija-16-860x680

Ова пред два дена го договорија лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино откако претходно двапати ги одложија изборите, кои беа закажани на 24 април, па на 5 јуни.

Доколку партиите не се премислат и повторно не ги одложат изборите, еве кои се роковите од Изборниот законик што треба да ги испочитуваат институциите:

2 септември (денеска) – Новите министри и дополнителни заменици-министри од СДСМ и официјално ќе бидат избрани за членови на владата;

12 октомври – треба да се распушти Собранието и да се распишат избори;

17 октомври – Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес;

27 октомври – ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список. Јавниот увид трае 20 дена, до 16 ноември;

11 ноември – ДИК треба да ги објави описите на изборните единици;

18 ноември – ДИК мора да ги објави во дневен печат листите со кандидати за пратеници;

21 ноември – Почнува изборната кампања;

22 ноември – ДИК ќе им го достави избирачкиот список на политичките партии, а тие, во рок од пет дена, до 27 ноември, мора да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци;

26 ноември – ДИК го потпишува избирачкиот список;

8 декември – Државната изборна комисија треба да го предаде изборниот материјал на општинските изборни комисии;

10 декември  – Завршува изборната кампања и почнува изборниот молк;

11 декември – Предвремени парламентарни избори.

Извор: Мета

Партнери на Правдико