Предлог буџетот за Специјалното обвинителство пред собраниски комисии | Правдико

Правдико

   

Предлог буџетот за Специјалното обвинителство пред собраниски комисии

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија денеска треба да расправаат за предлог буџетот за работа на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Фото: Телеграф.мк

Фото: Телеграф.мк

Согласно Финансискиот план, средствата во износ од 63.420.428 денари се наменети за непречено работење и автономно функционирање на ова Обвинителство за последниот квартал од 2015 година.

Според одлуката на Владата, парите треба да се обезбедат со реалокација на средствата во рамки на планираните средства со Буџетот на Македонија за 2015 година,

Финансиските средства на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се наменети за исплата на плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советувања и мислења од експерти, средства за професионално унапредување, средства за одржување на просториите и опремата, како и капитални инвестиции на Јавното обвинителство.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико