Правдико

   

Предлог измени: ДИК нема да врши мониторинг на порталите за време на изборните процеси

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со законските измени на Изборниот законик од 2018 година, се наметна обврска за Државната изборна комисија да врши мониторинг на електронските медиуми (порталите) за време на изборните процеси.

Имајќи предвид дека Државната изборна комисија нема технички услови за да ја спроведе оваа активност, потребата од измена односно од бришење на овие одредби е неопходна. Со истите измени се регулира и исплатата на средства од Буџетот за платеното политичко рекламирање врз основа на доказ на барателот, без можност тие докази да бидат проверени. Поради потребата од допрецизирање на овие законски одредби со Предлог законот се утврдува и начин на проверка на приложените барања за надомест на средства од Буџетот на Република Македонија.

Предложените измени на изборниот предвидуваат:

Со член 1 од предлог измените се брише обврската за Државната изборна комисија да врши мониторинг на електронските медиуми (порталите) за време на изборните процеси.

Со член 2 од предлог измените се определува дека пред исплатата на средства од Буџетот за платеното политичко рекламирање, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е должна да достави извештај за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите до Министерството за финансии на 10-тиот ден од денот на изборната кампања и на седмиот ден по завршувањето на изборната кампања, а Државната изборна комисија е должна да ги достави ценовниците за платено политичко рекламирање на печатените медиуми и електронските медиуми (портали) до Министерството за финансии во рок од десет дена од денот на распишувањето на изборите.

Со член 3 се определува влегувањето во сила на законот.

Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико